Operation Manual
| 206 |
МК
Допирот со електричен кабел под напон ќе
ги стави под напон и металните делови на
уредот и може да предизвика струен удар.
Доколку загубите контрола врз уредот,
кабелот за струја може да биде прекинат
или зафатен, а Вашата дланка или рака да
дојде во контакт со ротирачкиот работен
алат.
Работниот алат што се врти може да дојде
во допир со подлогата, при што може да ја
загубите контролата врз електричниот
алат.
Вашата облека може да биде зафатена при
случаен допир со ротирачки работен алат,
а работниот алат да се заринка во Вашето
тело.
Прицврстувањето прибор на Вашиот
електричен алат не гарантира безбедна
употреба.
Приборот што ротира побрзо од
дозволеното може да се скрши и разлета.
Дијамантските дискови за суво сечење се
предвидени за отстранување материјал со
работ на дискот. Страничното влијание на
сили може да ги скрши овие брусни тела.
Со помош на предвидениот монтажен
алат ќе избегнете оштетувања на
електричниот и работниот алат.
Соодветен монтажен материјал го потпира
дијамантскиот диск за суво сечење и со тоа
ја намалува опасноста од кршење на дискот.
Работните алати со погрешни димензии не
можат да бидат доволно добро покриени и
контролирани.
Работните алати што не одговараат
за вретеното на електричниот алат, се
вртат нерамномерно, со силни вибрации и
може да доведат до губење контрола.
Оштетените работни алати најчесто се
кршат во текот на ова пробно време.
При екстремно високи или ниски
температури може да дојде до механички и
електрични оштетувања.