Operation Manual

82 83МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНСКИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА Мерен апарат
Не извршувајте мерења во струјни кола со напони над 1000 V.
Употребувајте само контролни кабли што се наменети за 1000 V
или повеќе.
Врвовите на клештата се така конструирани што колата не можат
да бидат кратко споени за време на мерењето. Доколку мерната
опрема дојде во контакт со неизолирани делови што се под напон,
мора да бидат преземени мерки на претпазливост, за да не дојде
до создавање краток спој.
При мерење струја отстранете ги контролните кабли од мерниот
апарат.
Не ги допирајте мерните врвови за време на мерењето.
За избегнување опасност од електричен удар при мерење на
отпорот, контрола на протокот и мерење на капацитетот, ваквите
мерења никогаш не ги вршете под напон.
Не вршете мерења во простории со лесно запаливи гасови.
Употребата на мерниот апарат може да предизвика искри, што
може да доведе до експлозија.
Не го употребувајте мерниот апарат доколку куќиштето или Вашата
рака е влажна.
Не ги пречекорувајте максималните дозволени влезни вредности за
овој мерен апарт.
Вршете мерење на струјни кола под напон само доколку тоа е
безусловно неопходно.
Најпрво тестирајте го функционирањето на мерниот апарат на
некое познато коло. Секогаш поаѓајте од тоа, дека струјното коло е
под напон, сè додека не се потврди дека истото не е под напон.
Не се заземјувајте за време на мерењето. Избегнувајте контакт на
телото со заземјени делови како што се цевки, грејни тела, печки
или фрижидери.
Никогаш не ги вадите батериите од мерниот апарат за време на
мерење.
Употребувајте го мерниот апарат само за предвидените употреби и
во предвидените услови на опкружувањето. Во спротивно
безбедносните функции на мерниот апарат не можат да
функционираат уредно и можно е да дојде до тешки телесни
повреди односно оштетувања на мерниот апарат.
За избегнување на опасноста од електричен удар или светлински
лак, носете соодветна заштитна облека во опкружување од кабли
под напон.
Никогаш не вршете мерења со дефектен мерен апарат, на пример
при оштетено куќиште или положени метални делови врз мерниот
апарат.
Не го притискајте тркалцето за нагодување кога се приклучени
контролните кабли.
Не нанесувајте дополнителни делови на мерниот апарат и не
правите измени на мерниот апарат. За поправка или рекалибрација
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Позиција на тркалце за
нагодување
Мерно подрачје Резолуција Мерна точност
Наизменична струја
60/600/1000 A 0,01/0,1/1 A
±1,9%rdg ±5dgts, 50Hz/60Hz
±3,0%rdg ±5dgts, 45Hz to 500Hz*
+ 2% / CF>2
Еднонасочна струја
60/600/1000 A 0,01/0,1/1 A ±2%rdg±5dgt
Наизменичен напон
600 V 0,1 V
±1,2%rdg ±5dgts, 50Hz/60Hz
±1,8%rdg ±5dgts, 45Hz to 500Hz
1000 V 1 V
Еднонасочен напон
600 V 0,1 V
±1%rdg±2dgt
1000 V 1 V
Отпор
600 Ω/6000 Ω/60 kΩ/600 kΩ 0,1 Ω/1 Ω/10 Ω/0,1 kΩ ±1%rdg±2dgt
Контрола на проток
600.0Ω 0,1 Ω Сигнал-тон од 30Ω или помалку
Капацитет
400μF/4000μF 0,1μF/1μF
±2,5%±20dgt
до 60μF
Фреквенција
ACA: 600 Hz, 6 kHz
ACV: 600 Hz, 6 kHz, 60 kHz
0,1 Hz, 1 Hz, 10 Hz
±1%rdg±1dgt
Чувствителност: струја 5A RMS;
Напон - 30V RMS
Мин. фреквенција 10 Hz
Со овој апарат може да се врши мерење ефективна вредност. Сите мерни вредности на струјата и напонот ја прикажуваат ефективната
вредност. Точноста е специфицирана за 1 година по фабричката калибрација при температура 18°-28°C и влажност 0%-85% .
Влезна импенданса, наизменичен напон 1 MΩ
Влезна импенданса, еднонасочен напон 1 MΩ
Заштита од преоптоварување, наизменичен напон/еднонасочен напон 1200 V AC RMS
Мерно подрачје струја кај мерна клешта 1200A AC RMS / DC 10sec
Мерење на струја на вклучување ≤ 100 ms
Макс. напон помеѓу приклучок и земја
CAT III
CAT IV
1000 V
600 V
Макс. дебелина на кабел кај мерна клешта 40 mm
Работна температура -10°C-50°C
Температура на чување -40°C-60°C
Температурен коефициент 0,1 x специфицирана точност /°C (<18°C или >28°C)
Макс. Работна висина над Нормална нула 2000 m
Времетраење на батерија >12 h со сите функции
Напон на батерија 12 V Li-Ion
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 770 g
испратете го мерниот апарат во овластена служба за клиенти на
Milwaukee.
Употребувајте со Milwaukee мерниот апарат само контролни кабли
на Milwaukee. Проверете ги контролните кабли пред употребата по
однос на нивно оштетување.
Контрола на напонот без контакт:
ЛЕД не ја прикажува состојбата на електрична инсталација. Дури и
кога ЛЕД во текот на мерење не свети, никогаш не допирајте
проводници, кои би можеле да се наоѓаат под напон. Тестирајте го
функционирањето на ЛЕД на некој познат извор на напон. Доколку
ЛЕД не свети, во тој случај детекторот на напон е дефектен и не
смее да се употребува за мерења! Врз контролата на напонот без
контакт влијаат екстерни напони исто како што влијае и тоа, како
мерниот апарат се држи односно поставен.
Мерни категории и нивно значење според IEC 61010-1:
CAT III: мерења во инсталација на објект: стационарни
потрошувачи, дистрибуциски приклучок, апарати фиксни на
дистрибутер
CAT IV: мерења на изворот на инсталација со низок напон: броило
главен приклучок, примарни заштитни уреди од надструја
За вашиот приложен мерен апарат важи мерната категорија и
назначениот максимален дозволен напон, на пример 1000 V CAT III,
коишто се одбележани на апаратот.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА Батерија
Не ја менувајте батеријата доколку куќиштето на мерниот апарат е
влажно.
Пред замена на батеријата отстранете ги сите кабли од мерниот
апарат и исклучете го.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии,
со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем C12 за полнење на батерии од C12
систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со
очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете
на лекар.
Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи
и деца) со ограничени физички, сензорни или ментални
способности или со недостаток на искуство и / или недостаток на
знаење, освен доколку тие лица се под надзор на лице, кое е
надлежно за нивната безбедност, или доколку од тоа лице добиваат
инструкции за тоа, како да се користи апаратот.
Децата треба да бидат под надзор за да бидете сигурни, дека тие
не играат со апаратот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој мерен апарат е наменет за мерење на следните параметри:
наизменична струја, еднонасочна струја, наизменичен напон,
еднонасочен напон, електричен отпор, контрола на електричен
проток, капацитет на кондензатор, електрична фреквенција, струја
на вклучување. Овој апарат смее да се употребува само за мерење
на горенаведените параметри.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Пред мерење поставете го тркалцето за нагодување на саканата
позиција.
Вклучете ги контролните кабли цврсто во мерниот апарат.
При мерење струја отстранете ги контролните кабли од мерниот
апарат.
Не го изложувајте мерниот апарат на директно зрачење на сонце,
високи температури, виска влажност на воздух или утринска роса.
Употреба на надморска височина до 2000 m. Соодветна
температура на опкружувањето --10°C - 50°C.
Мерниот апарат не е отпорен на прашина и вода. Чувајте го
мерниот апарат настрана од прашина и вода.
Исклучете го мерниот апарат по употреба. Доколку мерниот апарат
не се употребува подолг период, отстранете ја батеријата.
Чистете го мерниот апарат со влажна крпа или меко средство за
чистење. Не употребувајте средства за триење или разредувачи.
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5
циклуса на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани
комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да бидат
целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на
суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата
на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на
машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Milwaukee Electric Tool,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно со
другиот домашен отпад! Европска регулатива 2002/96/
EC за одлагање на електична и електронска опрема и
се применува согласно националните закони.
Елекричните апарати кои го достигнале крајот на
својот животен век мора да бидат одвоено собрани и
вратени во соодветна рециклажна установа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Со цел за избегнување електричен удар, пред
отворање на куќиштето или отстранување на
батеријата отстранете ги контролните кабли.
Маса
Заштитна изолација
>1000 V
Не вршете мерења во струјни кола со напони
над 1000V.
Не ги допирајте мерните врвови за време на
мерењето.