Owner's manual

62 63
M12-18 JSSP
.................................... 12/18 V
......................................... 40 W
......................................... 18 W
........................................ 3,1 kg
.............................5,0 V / 2,1 A
............................2402-2480 MHz
....................................- 6,09 dBm
.............................75 Hz - 16 kHz
.............................75 Hz - 16 kHz
......................................... 30 m
..................................... ca.8 h
......................................IP54
МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНСКИ
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ BLUETOOTH-ЗВУЧНИК
Волтажа на батеријата ..............................................................................................................................
Музичка моќност 18 V ................................................................................................................................
Музичка моќност 12 V ................................................................................................................................
Тежина со батерија 5,0 Ah .........................................................................................................................
USB излезен напон ....................................................................................................................................
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут ...................................................................................
Максимална високофреквентна моќност во пренесената
фреквентна лента (фреквентни ленти)....................................................................................................
Квалитет на звукот AUX-влез ....................................................................................................................
Bluetooth-влез .............................................................................................................................................
Минимален опсег на пренос .....................................................................................................................
Времетраење (со батерија M18 5,0 ампер/часови) ................................................................................
Clasa de protecţie ........................................................................................................................................
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и упатства. Заборавање на
почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен
удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.
СИГУРНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА BLUETOOTH-ЗВУЧНИК
Никогаш не ги расклопувајте или модифицирајте овие апарати.
Не го користете овој апарат близу вода.
Чистете го само со сува крпа. Некои средства за шистење и раствори се штетени за пластичните
и дргите изолирани делови. Одржувајте ја неговата рачкачиста, сува и незамастена.
Севкупното сервисирање доверете го на обучениот персонал.
Не го инсталирајте во близина на топлински извори.
Не ставајте отворен оган, на пример свеќи, врз апаратот
Овој апарат не смее да биде изложен на капки вода ниту на прскање со вода. Врз апаратот не
смеат да бидат поставувани садови со течности, на пример вазни.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на
Милвоки ги собираат старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M12 / M18 за полнење на батерии од M12 / M18 систем. Не
користете батерии од друг систем.
Внимание!
Ризик од експлозија ако батеријата е заменета со погрешен вид батерија;
- екстремно високи или ниски температури на кои може да биде изложена батерија за време
на употреба, складирање или транспорт,
- низок притисок на воздухот на голема надморска височина,
- замена на батеријата со погрешен тип батерија, што може да го заобиколи осигурувањето
(нпр. со некои видови на литиумски батерии),
- отстранување на батеријата во оган или жешка печка или механичко кршење или сечење на
батеријата,
- оставање на батеријата во околина со екстремно високи температури, што може да доведе
до експлозија или истекување на запаливи течности или гасови,
- батерија која е изложена на екстремно низок притисок на воздухот, што може да доведе до
експлозија или истекување на запаливи течности или гасови.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место. Чувајте ги
постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или температури.
Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Овој апарат не смее да се опслужува или чисти од
страна на лица кои што располагаат со намалени
телесни, сензорни или душевни способности односно
недостаток на искуство или знаење, освен ако не биле
обучени за безбедно опходување со апаратот од страна
на лице кое што е според законот одговорно за нивната
безбедност. Горе наведените лица треба да се
набљудуваат при употреба на апаратот. На апаратот не
му е место крај деца. Затоа при негова неупотреба
апаратот треба да се чува безбедно и вон дофат на
деца.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од оштетување на
производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата
батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности.
Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии,
избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да
предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Bluetooth-звучникот служи за репродукција на аудио сигнали од поврзаните аудио уреди.
Звучникот преку USB-приклучокот може да се користи за полнење на USB-уреди.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за нормална употреба.
ДЕКЛАРАЦИЯ О СООТВЕТСТВИИ СТАНДАРТАМ EC
Настоящим компания „Techtronic Industries GmbH“ заявляет, что радиоустановка типа
M12-18 JSSP соответствует требованиям Директивы 2014/53/ЕС. С полным текстом
сертификата соответствия ЕС можно ознакомиться в интернете по адресу: http://services.
milwaukeetool.eu
ИНДИКАТОР ЗА ПОЛНЕЊЕ
За да се зголеми рокот на траење на батериите, индикаторот за полнење трепка црвено, кога
нивото на полнење на батеријата е ниско, но кога уредот е сè уште во функција. Кога уредот не е
повеќе во функција, индикаторот за полнење постојано свети црвено. Во тој случај извадете ја
батерија и наполнете ја според упатството за употреба.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ
Прекинувачки извор за напојување
Користете адаптер 18 V MILWAUKEE. Ставете го адаптерот во соодветен штекер, а потоа
ставете го 18 V штекер во 18 V џек на задната страна од звучникот.
Приклучување за дополнителен уред
MP3-плеер, CD-плеер или други аудио уреди се приклучуваат директно на помошниот џек на
звучникот означен со AUX.
USB-порт
Уредите кои што се прикучени на USB-порт, автоматски се напојуваат со електрична енергија.
Кај уредите, на кои им е потребно еднонасочна струја повисока од 2,1 ампера, заштитата од
оптоварување го исклучува снабдувањето со електрична енергија.
КОПЧИЊА
Копче ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ
Притиснете го копчето ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ, за да го вклучите или исклучите звучникот.
Копче BLUETOOTH
Притиснете го копчето bluetooth , за да ја активирате функцијата bluetooth. Тогаш звучникот
почнува да бара поврзан уред.
Доколку не е застапен поврзан bluetooth уред, тогаж функцијата bluetooth преминува во
standby-режим. Тогаш индикаторот свети непрекинато.
За да го поврзете звучникот со друг уред, држете го bluetooth копчето притиснато две секунди,
сè додека индикаторот не почне да трепка. Тогаш звучникот може да се поврзе со друг уред.
За да го поврзете уредот со звучникот, изберете ја опцијата "M18/M12 Wireless Jobsite
Speaker" на уредот што треба да се поврзе.
По првото поврзување, звучникот откако ќе биде исклучен, автоматски повторно ќе може да
се поврзе со истиот уред.
По успешното поврзување со звучникот, користете ги елементите за управување на уредот
што е поврзан преку bluetooth, за да изберете одредена тема (песна) и да ја регулирате
јачината на звукот.
РЕГУЛИРАЊЕ НА ЈАЧИНАТА НА ГЛАСОТ + / -
Зголемување на јачината на гласот - Притиснете го копчето +.
Намалување на јачината на гласот - Притиснете го копчето -.
AUX ВКЛУЧЕНО
По поврзувањето со 3,5-mm долг AUX-кабел, звучникот автоматски се префрла во AUX IN. При
вадење на AUX-кабелот, звучникот автоматски повторно се враќа во Bluetooth-режим.
LED-дисплејот останува вклучен.
НАОЃАЊЕ НА ГРЕШКИ
Проблем причина & решение
Звучникот не се вклучува Заштитата од низок напон е активна или
уредот мора да се наполни.
Звучникот не се поврзува
со мобилниот уред
Bluetooth-функцијата на мобилниот уред треба
да се исклучи и повторно да се вклучи. Потоа
обидете се одново да го стартувате режимот
на поврзување.
Доближете го мобилниот уред до звучникот и
држете го подалеку од извори на пречки и
опструкции.
Обидете се да извршите поврзување со друг
мобилен уред.
Не се добива акустичен
сигнал од Bluetooth-уредот
Осигурајте се дека звучникот е вклучен.
Осигурајте се дека е вклучен звукот на
звучникот и на мобилниот уред.
Доближете го мобилниот уред до звучникот и
држете го подалеку од извори на пречки и
опструкции.
Повторете ја постапката со друга музичка
апликација.
Повторете ја постапката со друг мобилен уред.
Добивање на лош квалитет
на звук од Bluetooth-уредот
Доближете го мобилниот уред до звучникот и
држете го подалеку од извори на пречки и
опструкции.
Повторете ја постапката со друга музичка
апликација.
Повторете ја постапката на поврзување со
друг мобилен уред.
Нема аудио сигнал од
AUX-изворот
Осигурајте се дека поврзаниот мобилен уред е
вклучен и работи.
Осигурајте се, дека 3,5-mm долгиот
електричен приклучок е правилно приклучен,
како на звучникот, така и на излезниот уред.
Зголемете ја јачината на звукот.
Зголемете ја јачината на звукот на AUX-уредот.
Користете друг AUX-кабел.
Добивање на лош квалитет
на звук од AUX-уредот
Осигурајте се дека аудио кабелот е правилно
поврзан, како на AUX IN-приклучокот, така и на
излезниот уред.
Испробајте ја функцијата со друг AUX-уред.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте
подолго изложување на батериите на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат извадени од
апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се чува на
температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и
меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски претпријатија
подлежни на одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и
транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба
да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат
кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не
се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го
бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата
кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да се
фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се собираат одделно
и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
IP54
Заштита од контакт, прашина и прскање на вода
Заштитна класа III
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба. Никогаш не го
изложувајте алатот на дожд.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност