Owner's manual

237
ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Секогаш благо подмачкајте го ланецот кога го складирате
за да спречите негово рѓосување. Секогаш испразнете
го резервоарот за масло при складирање за да спречите
истекување.
Запрете ја машината, извадете го акумулаторот и оставете да
се олади пред складирање или транспорт.
Исчистете ги сите туѓи тела од машината. Складирајте ја
машината на ладно, суво и добро проветрено место кое
што не е пристапно за деца. Чувајте подалеку од корозивни
средства како на пример хемикалии за градината и соли за
одмрзнување. Да не складирате надвор.
Ставете го капакот на мечот пред да ја складирате машината
или за време на транспорт.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против
движење или паѓање за да спречите повреда на лица или
оштетување на машината.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! К м Milwaukee ц
  л. Во спротивно може да дојде до можна
повреда, да допринесе до слаби перформанси и може да ја
поништи вашата гаранција.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сервисирањето бара исклучително
внимание и знаење и треба да го врши само квалификуван
сервисен техничар. За сервисирање ви препорачуваме да ја
однесете машината до најблиската сервисна станица на MIL-
WAUKEE. Кога сервисирате користете само идентични делови
за замена. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Извадете го акумулаторот
пред прилагодување, одржување или чистење. Во спротивно
може да дојде до сериозна телесна повреда. Може да правите
прилагодувања или поправки опишани во прирачникот. За
други поправки, контактирајте го овластениот сервисен агент.
Последиците од неправилното одржување може да
предизвикаат неправилно функционирање на кочницата за
ланецот и други безбедносни функции и така зголемувајќи ја
можноста за сериозна повреда.
Чувајте ја пилата за кастрење професионално одржувана и
безбедна. • Безбедното острење на ланецот е задача која бара
вештина. Затоа производителот строго препорачува да се
замени изабен или затапен ланец со нов, достапен кај вашиот
сервисен агент на MILWAUKEE. Бројот на делот е достапен во
табелата со спецификации за производот во овој прирачник.
Следете ги инструкциите за подмачкување и проверка и
регулирање на затегнатоста на ланецот.
По секоја употреба, исчистете ја машината со мека сува крпа.
Отстранете ги деланките, прашината и остатоците во
акумулаторското крило.
Проверете ги сите завртки, болцни и навртки во чести
интервали за безбедност за да се осигурате дека машината
е во безбедна работна состојба. Секој оштетен дел треба
соодветно да се поправи или замени од страна на сервисната
служба на MILWAUKEE.
м  мч  лц  л
Носете заштитни ракавици.
1. Извадете го акумулаторот
2. Извадете го капакот на мечот
3. Извадете ги завртките за монтирање на мечот користејќи
го доставениот комбиниран клуч.
4. Извадете го стариот ланец со капакот на мечот
5. Ставете го новиот ланец во правилната насока на мечот и
осигурајте се дека погонските алки се израмнети во жлебот
на мечот.
6. Прикачете го мечот на пилата за кастрење и замотајте го
ланецот околу погонскиот запченик.
7. Ставете го капакот за ланецот и повторно зашрафете ги
завртките за монтирање на мечот.
8. Цврсто затегнете ги завртките за монтирање на мечот.
Мечот мора слободно да се движи за регулирање на
затегнатоста на ланецот.
9. Прилагодете ја затегнатоста на ланецот. Погледнете го
поглавјето „Регулирање на затегнатоста на ланецот.
10. Фатете го врвот на мечот и добро затегнете ги завртките за
монтирање на мечот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Т л л лц
мж   м б  м
 м  ч  мж    
  м.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Нл   лц 
лм цјл   .
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Нм л
   лц мж  
 .
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Лц  л  . С
  ц   ж лц.
Пл  ж
Дневна проверка
Подмачкување на мечот Пред секоја употреба
Затегнатост на ланецот Пред секоја употреба и
редовно
Наостреност на ланецот Пред секоја употреба, визуелна
проверка
За оштетени делови Пред секоја употреба
За лабави затворачи Пред секоја употреба
Меч Пред секоја употреба
Комплетна пила По секоја употреба
Дл  м (Мчлц)
Производител MILWAUKEE
Ланец 4932 4784 27
Меч 4931 4773 04
Ланецот мора да биде монтиран со меч од ист производител
според горните комбинации.
Македонски
Mak