Owner's manual

105
Бидете посебно внимателни при чистење на скали.
Составните делови на филтерот, филтер-вреќите и вреќите за
прашина се фрлаат во согласност со националните прописи.
ВМ: Ој     з б 
 .
Погрижете се за доволно вентилација на работното место.
Ако апаратот не работи правилно, ако има паднато или е
оштетен, ако бил на отворено или има паднато во вода, треба
да го однесете во сервис или да го вратите кај дистрибутерот.
ОРЖВЊ, Њ  ОРВ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Да се изведуваат само постапките на одржување кои што се
опишани во упатството за употреба.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постој ано.
Расклопливите делови (вклучувајќи го колекторот за прашина)
треба да се извадат за чистење.
Постојано отстранувајте прашина и нечистотија од апаратот.
Одржувајте ја рачката чиста, сува и без масти или масло.
Средства за чистење и разредување се штетни по пластиките и
други изолирачки делови, затоа чистете само со нежен сапун и
влажна крпа. Никогаш не употребувајте запаливи средства за
разредување во близина на апаратот.
Во зависност од бројот на работните саати – филтерот за
прашина треба да се замени. Машината одржувајте ја чиста со
сува крпа и мала количина на спреј за полирање.
Горниот дел за всмукување никогаш не смее да се испрска со
вода; постои опасност за лица, опасност од краток спој.
За тековно сервисира од страна на корисниците, апаратот
мора да се расклопи, да се исчисти и да се сервисира,
колку што е разумно возможно, без да се предизвикува
ризик за сервисниот персонал и за другите. Во соодветните
мерки на претпазливост е вклучена деконтаминација пред
расклопувањето, мерки за локално филтрирана издувна
вентилација каде што машината се расклопува, се чисти
местото за одржување и соодветна лична заштита.
За време на одржување и поправка сите контаминирани
делови што не можат да се исчистат задоволително мора:
Да се спакуваат во добро запечатени кеси
Да се отстранат согласно важечките регулативи за
отстранување на таков отпад.
Апаратот треба редовно да се проверува од страна на
квалификуван техничар. На пример, проверете ги филтрите за
оштетување и проверете ј а непропустливоста на апаратот и
правилното функционирање на контролниот механизам.
Користењето на неоргинални резервни делови и додатоци
може да ја наруши безбедноста на апаратот. Користете само
Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden,
Germany.
ЛШЊ
Апаратот треба да се чува во суви услови и заштитено од
замрзнување.
ВМ: Ој     к кч
  .
ЛР ЦЈЗ ООБРЗО
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 60335-1:2012+A11:2014+A13:2017+A1:2019
+A2:2019+A14:2019
EN 60335-2-69:2012
EN 62233:2008
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-11-14
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
Mak
Македонски