Owner's manual

261
Македонски
Ресетирајте ја кочницата за ланецот назад на работната
позиција преку фаќање на горниот дел од лостот/рачниот
штитник и потеглување кон предната рачка сè додека не
слушнете клик.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако кочницата за ланецот не го запре
веднаш ланецот или ако кочницата за ланецот не сака
да остане во работна позиција без помош, однесете ја
моторната пила до сервисна станица на MILWAUKEE за
поправка пред употреба.
ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Секогаш благо подмачкајте го ланецот кога го складирате
за да спречите негово рѓосување. Секогаш испразнете
го резервоарот за масло при складирање за да спречите
истекување.
Запрете ја машината, извадете го акумулаторот и оставете да
се олади пред складирање или транспорт.
Исчистете ги сите туѓи тела од машината. Складирајте ја
машината на ладно, суво и добро проветрено место кое
што не е пристапно за деца.Чувајте подалеку од корозивни
средства како на пример хемикалии за градината и соли за
одмрзнување. Да не складирате надвор.
Ставете го капакот на мечот пред да ја складирате машината
или за време на транспорт.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против
движење или паѓ ање за да спречите повреда на лица или
оштетување на машината.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Користете само Milwaukee додатоци
и резервни делови. Во спротивно може да дојде до можна
повреда, да допринесе до слаби перформанси и може да ја
поништи вашата гаранција.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сервисирањето бара исклучително
внимание и знаење и треба да го врши само квалификуван
сервисен техничар. За сервисирање ви препорачуваме да ја
однесете машината до најблиската сервисна станица на MIL
-
WAUKEE. Кога сервисирате користете само идентични делови
за замена.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!Извадете го акумулаторот пред
прилагодување, одржување или чистење. Во спротивно
може да дојде до сериозна телесна повреда.Може да правите
прилагодувања или поправки опишани во прирачникот. За
други поправки, контактирајте го овластениот сервисен агент.
Последиците од неправилното одржување може да
предизвикаат неправилно функционирање на кочницата за
ланецот и други безбедносни функции и така зголемувајќи ја
можноста за сериозна повреда.
Чувајте ја моторната пила професионално одржувана и
безбедна. • Безбедното острење на ланецот е задача која бара
вештина. Затоа производителот строго препорачува да се
замени изабен или затапен ланец со нов, достапен кај вашиот
сервисен агент на MILWAUKEE. Бројот на делот е достапен во
табелата со спецификации за производот во овој прирачник.
Следете ги инструкциите за подмачкување и проверка и
регулирање на затегнатоста на ланецот.
По секоја употреба, исчистете ја машината со мека сува крпа.
Отстранете ги деланките, прашината и остатоците во
акумулаторското крило.
Проверете ги сите завртки, болцни и навртки во чести
интервали за безбедност за да се осигурате дека машината е во
безбедна работна состојба. Секој оштетен дел треба соодветно
да се поправи или замени од страна на сервисната служба на
MILWAUKEE.
Замена на мечот и ланецот на пилата
Носете заштитни ракавици.
1. Извадете ги завртките за монтирање на мечот користејќи го
доставениот комбиниран клуч.
2. Отстранете го капакот на ланецот.
3. Ставете го ланецот во правилната насока на мечот и
осигурајте се дека погонските алки се израмнети во жлебот
на мечот.
4. Прикачете го мечот на моторната пила и замотајте го
ланецот околу погонскиот запченик.
5. Ставете го капакот за ланецот и повторно зашрафете ги
завртките за монтирање на мечот.
6. Цврсто затегнете ги завртките за монтирање на мечот.
Мечот мора слободно да се движи за регулирање на
затегнатоста на ланецот.
7. Прилагодете ја затегнатоста на ланецот. Погледнете го
поглавјето „Регулирање на затегнатоста на ланецот.
8. Фатете го врвот на мечот и добро затегнете ги завртките за
монтирање на мечот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Тап или непр авилно наострен ланец
може да предизвика прекумерна брзина на моторот
за време на сечење кое може да доведе до сериозно
оштетување на моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Неп равилното острење на ланецот го
зголемува потенцијалот за повратен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Незаменувањет о или непоправ ањ ето
на оштетен ланец може да предизви ка сериозна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ланецот на пилата е остар. Секогаш
носете заштитни ракавици кога го одржувате ланецот.
Проверка и чистење на кочницата за ланецот
Секогаш одржувајте го чист механизмот на кочницата за
ланецот преку нежно четкање на зглобот од нечистотија.
Секогаш тестирајте ја работата на кочницата за ланецот по
чистење.
Погледнете го поглавјето „Проверка и работење со кочницата за
ланецот“ во овој прирачник за дополнителни информации.
Mak