Owner's manual

140140
GB
Mak
Македонски
БАЕРИИ
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување
на батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
РАНСПОРНА ЛИИУМЈОНСКИ БАЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да
не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до
Вашето шпедитерско претпријатие.
ЗАШИА ОД ПРЕОПЕРЕУВАЊЕ НА БАЕРИЈАА
Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно
висока потрошувачка на електрична енергија, на пр.
екстремно висок број на вртежни моменти, заглавување
на оперативната алатка, нeoчекувано сопирање или краток
спој, електричната алатка прекинува со работа и по 2 секунди
автоматски се исклучува.
За ресетирање, извадете го акумулаторот од алатот и
заменете го.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од
приказот за полнење сè додека батеријата не се излади. По
гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со
работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и
да е зафат врз машината.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред да
го прикачите или отстраните сечилото.
Заменете ја изабаната подлога за маса.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden,
Germany.
ЕУДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОС
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 62841-1:2015
EN 62841-3-9:2015+A11:2017
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
EN 62479:2010
EN 301 489-1 V2.2.3
EN 301 489-17 V3.1.1
EN 300 328 V2.2.2
Winnenden, 2020-11-26
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany