Owner's manual

104
Македонски
Mak
ЦФЦР УЛ  УРБ
Оваа машина може да се комбинира со различни додатоци и е
погодна за следните работи:
Со делта-глава за мазнење: за мазнење површини од дрво,
метал и пластика.
Со сегментирачки диск за пилење: за пилење на поврзани
површини од дрво и пластика.
Со универзален лист: за обработка на дрво.
Монтажа и приклучување на напојување
РЖУЊ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај:
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10,
71364Winnenden, Germany.
БР
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
ЗШ  РРУЊ  БРЈ
Батериското пакување е опремено со заштита
од преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век. При
екстремно висок степен на употреба, електрониката на
батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете ја
повторно. Доколку машината не се вклучи повторно, можно е
батериското пакување да е испразнето. Тогаш тоа ќе мора да
биде наполнето во апаратот за полнење.
РР ЛУЈ БР
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
УЛРЦЈЗ БРЗ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU
2014/30/EU
2006/42/EC
и дека се применети следните хармонизирани стандарди :
EN 62841-1:2015
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-10-10
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany