Owner's manual

141141
ЗАШИА ОД ПРЕОПЕРЕУВАЊЕ НА БАЕРИЈАА
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење
трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ДОПОЛНИЕЛНИ СОВЕИ ЗА УПОРЕБА
Обрнете внимание на илустрациите за нормална употреба.
Вовлечете ја спиралата во цевката со лесно придвижување
напред-назад, се додека не се отстрани затнувањето.
УПАТСТВО: Кога алатката ќе се блокира, веднаш да се пушти
прекинувачот
Ослободување на блокиран чистач на цевки:
1. Ставете го прекинувачот за нанапред/исклучи/наназад
на позицијата за наназад, а потоа завртете го доводниот
прстен на 0 вртење.
2. Алатката се привижува во правец наназад и се повлекува
неколку сантиметри, за да се ослободи спиралата.
3. Запрете го алатот.
4. По целосното запирање на алатот, вратете го прекинувачот
за нанапред/исклучи/наназад на позицијата за нанапред.
ВНИМАНИЕ! Непрекинатото работење на алатката може да
доведе до оштетување на спиралата и на приборот.
Ако е тешко да се помине со кабелот низ сифон или друг
приклучок, може да се користат следните методи или
комбинација на методи.
1. Остри надолни убоди на кабелот, заедно со и без вртење на
кабелот, може да му помогнат на кабелот да помине низ
сифонот.
2. Со ослободен крак на лостот, вртејќи го рачно кабелот може
да се промени ориентацијата на секачот за да се овозможи
многу полесно заклучување на приклучокот.
3. Вклучете го чистачот за одвод со вртење наназад неколку
секунди додека притискате надолу на кабелот. Правете го
ова само доволно долго за да помине кабелот низ сифонот.
Вртењето на кабелот наназад може да го оштети кабелот.
Ако овие опции не работат, користете помал дијаметар или
поеластичен кабел.
ОНИРАЊЕ НА СПИРАЛАА
За монтирање на спиралата обрнете внимание на
илустрациите.
ОПОМЕНА! Спиралата е под притисок и при монтажата може
да излета неочекувано, што може да доведе до повреди.
Носете заштитни очила или очила со странична заштита, со цел
опасноста од повреди да биде на најниско можно ниво.
Секогаш носете кожни ракавици.
Прочитајте го упатството за употреба. Користете соодветна
заштитна опрема.
При употребата на чистачот на цевки може да дојдете во
контакт со хемикалии, бактерии или други нагризувачки,
токсични или заразни супстанци.
По употребата рацете да се измијат со топла вода и сапун.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Спиралата да се избрише со крпа и повторно да вметне во
барабанот.
Пред да се складира чистачот на цевки, спиралата целосно да
се извади. Спиралата да се исчисти и пополека да се намота.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden,
Germany.
ЕУДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОС
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите:
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
2014/53/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 62841-1:2015
EN 62841-3-14:2017
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 62479:2010
EN 300 328 V2.2.2
EN 301 489-1 V2.2.3
EN 301 489-17 V3.1.1
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-11-17
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
Македонски