Owner's manual

119119
Mak
Македонски
      , 
     штт.
ПРУПРУВЊ: Здг т зкт
д пвд, с втсчтс ппч
тј. (вд „пк“) јтдс
дувтдсчтдуг тј.
Cчњ
Пред сечењето, осигурајте се дали ножевите се прописно
монтирани.
1. Кабелот ставете го под прав агол врз секачите од секачот на
кабли. Немојте да се обидувате да правите сечење под агол,
бидеќи тоа ќе го оштети обработуваното парче и ножевите.
2.Рачката/-ите фатете ги цврсто.
Повлечете го и држете го активаторот за време на операцијата.
Ќе се вклучи LED светилка штом го повлечете активаторот.
Штом ќе биде извршено сечењето или што алатот ќе биде
исклучен, повторно отпуштете го копчето за активирање и
активирајте го копчето за ресетирање, за да се отвори челуста
за сечење.
Забелешка: Парчето кое се обработува движете го пополека за
време на сечењето.
Пстпквсучјгшк
кабелот може да биде засечен и под напон, секогаш
известувајте го лицето кое е одговорно за безбедноста,
прекинете ја постапката на сечење, преземете соодветни
сигурносни мерки
Секогаш осигурувајте се дали уредот е исклучен и дали ќе
остане исклучен од напон пред да му пријдете и го допрете
уредот
Притиснете и држете го копчето за ресетирање додека
секачот не се отвори целосно
проверете го капацитетот на батеријата
проверете го материјалот и неговата дебелина дали
соодветствуваат на техничките податоци
Доколку се сомневате дека бил пресечен кабел под напон,
секачот за кабли треба да се провери во специјализирана
работилница
Згв в
Нечистотијата и отпадоците може да предизвикат ножевите да
се заглават после сечењето
Притиснете го и држете го деблокаторот на активаторот за да
се осигурате дека алатката се ресетирала.
Извадете ја батеријата.
Следете го описот на сликата за отворање на челуста
Исчистете ја секоја нечистотија и отпадоци од ножевите пред
да започнете ново сечење.
втзсчњт
Немојте да се обидувате да правите сечење под агол, бидеќи
тоа ќе го оштети обработуваното парче и ножевите.
Сечете чист материјал, за да се продолжи векот на употреба
на ножот. Избришете ја нечистотијата и отпадоците од
материјалот и од ножевите пред да почнете со сечењето.
ОРЖ У ВЊ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Никогаш немојте да го отворате секачот за кабли,
преносливата батерија или полначот.
Проверете го секачот за кабли дали има било какви проблеми,
како на пр. дали бучи или да не има заглавени подвижни
делови кои би можеле да влијаат врз алатката.
Проверете ја алатката за сечење да не има пукнатини и други
знаци на изабеност.
По завршување на работата, исчистете и подмачкајте ја
алатката за сечење.
Проверете дали рабовите за сечење се остри и заменете ја
челуста за сечење ако е изабена.
Заменете ги ножевите штом станат иззабени или оштетени.
Ножевите секогаш менувајте ги во комплет. Користете само
ножеви MILWAUKEE.
Проверете дали може алатката за сечење да се движи
слободно.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност
или, пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Апаратот содржи хидрау-лично масло кое што претста-вува
опасност за подземните води. Неконтро-лирано испуштање
или нестручно фрлање е казниво.
Уредот треба да се сервисира на секои шест до дванаесет
месеци, во зависност од употребата.
За интервалите на сервисирање можете да дознаете повеќе
преку апликацијата ONE-KEY.
Работите на одржување и поправка смеат да бидат изведувани
исклучиво од страна на авторизи-рани стручни работил-ници.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden,
Germany.
ONEKEY™
За да дознаете повеќе за ONE-KEY функционалноста на овој
алат, прочитајте го приложеното Упатство за брз старт или
посетете нè на интернет на http://www.milwaukeetool.com/
one-key.
Апликацијата ONE-KEY можете да ја симнете на Вашиот
смартфон преку App Store или Google Play.
Штом ќе има електростатичко празнење, комуникацијата
преку блутут се прекинува, а интерфејсот на апликацијата се
трга. Aпликацијата не е во употреба 45 секунди. После 45 сек.,
треба да се ресетира апликацијата за да се обнови.“ Сметаме
дека резултатот ќе биде во рамките на нашето минимално
прифатливо ниво на кородирање според EN 301489-1/ EN
301489-17. Во прирачникот за корисници на муштериите ќе им
дадеме упатство за ракување.
БР
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.