Owner's manual

4МАКЕДОНСКИ
со радио сигнали од други апарати, кратко исклучете ги другите апарати за да проверите дали мешањето
тогаш исчезнува. Следниве мерки можат да помогнат во отстранувањето на нарушувањата:
- Исклучете го изворот на мешање.
- Зголемете го растојанието до изворот на мешање.
- Консултирајте се со специјалист продавач или со квалификуван радио
-техничар.
1.6 ЕK-Декларација за сообразност
Techtronic Industries GmbH изјавува, дека радио опремата тип M18SISH соодветствува со
директивата 2014/53 на ЕУ. Целосниот текст на декларација за соодветност на ЕУ може да го најдете на
следената интернет адреса: http://services.milwaukeetool.eu
1.7 ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY на овој апарат, Ве молиме прочитајте го
упатството за брзо стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата
ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето ќе биде прекинато. Во таков случај,
повторно воспоставете ја врската рачно.
Апаратот соодветствува на минималните барања според EN 55014-2:2015 / EN 301489-1 V2.2.3 / EN
301489-17 V3.1.1.
Индикатор ONE-KEY™
Сино светло: Радио-врската е активна и и може да се постави преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко светло: Апаратот комуницира со апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко светло: Апаратот е заклучен поради безбедност и може да го отклучи операторот преку
апликацијата ONE-KEY™.
1.8 БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50°C ја намалува ефикасноста на батеријата. Избегнувајте подолго изложување
на батериите на високи температури или сонце.
Клемите на полначот и батеријата мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батеријата мора да се наполни целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, батериите после нивното полнење треба да бидат извадени од полначот.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Батеријата да се чува на температура под 27°C и на суво место.
Батеријата да се складира наполнета на приближно 30%-50%.
Батеријата повторно да се наполни на
секои 6 месеци.
1.9 Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и меѓународните
прописи и одредби.
Корисниците на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски
претпријатија подлежни
на одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.