Owner's manual

94 95
отворите. Чувајте ги отворите
чисти од прашина, текстилни
влакна, коса и други материјали
кои можат да го намалат
протокот на воздух.
Не го користете апаратот на
отворено, на ниска температура.
Не вшмукувајте со апаратот
лесно запаливи течности како
што е бензинот. Не го користете
апаратот во области каде што
може да постојат такви течности.
Никогаш не вшмукувајте
предмети кои чадат или
вжештени предмети (на пр.
цигари, кибритчиња, вжештена
пепел).
Бидете посебно внимателни при
чистење на скали.
Користете го апаратот само ако
се поставени филтрите.
Ако апаратот не работи
правилно, ако има паднато или е
оштетен, ако бил на отворено
или има паднато во вода, треба
да го однесете во сервис или да
го вратите кај дистрибутерот.
Веднаш исклучете го апаратот,
ако во него се формира пена или
од него истекува вода.
Апаратот не треба да се користи
како пумпа за вода. Апаратот е
погоден за вшмукување на
мешавина од воздух и вода.
Погрижете се за доволно
вентилација на работното место.
Не газете врз апаратот. Тоа може
да го преврти и да го оштети.
Опасност од повреда.
Опасни материи.
Вшмукувањето на опасни
материи може да доведе до
тешки, дури и до смртоносни
повреди.
Со овој апарат не треба да се
вшмукуваат подолу наведените
материи:
вжештени материјали (запалени
цигари, вжештена пепел и др.)
запаливи, експлозивни или
абразивни течности (на пр. бензин,
растворувачи, киселини, бази и др.)
запалива, експлозивна прашина
(на пр. магнезиумска или
алуминиумска прашина и др.)
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Правосмукалката може да се користи за: вшмукување
на нетоксична прашина, не запаливи течности, матна
или каллива вода, чистење на затнати одводи, чистење
на градилиште (градежна зона,работни места итн.).
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
РЕЖИМ ВЛАЖНО ВШМУКУВАЊЕ
Отстранете ги СИТЕ нечистотии од резервоарот.
Извадете го филтерот. Осигурајте се дека куќиште на
пливката останува на место.
Куќиште на пливката
Вклучете ja правосмукалката и почнете да чистите.
Уредот треба да се исклучи веднаш по влажно
вшмукување или кога резервоарот е полн.
СОВЕТ: Кога се намалува вшмукањето, веднаш
исклучете ja правосмукалката и испразнете го
резервоарот.
Отстранете ja заменливата батерија.
Држете го цревото вертикално така што течноста што се
содржи во него да може да истече во резервоарот.
Отстраните го куќиштето на моторот и фрлете ја мрсната
вода правилно.
Редовно чистете ја внатрешноста на резервоарот и
вшмукувачките додатоци, особено по вшмукување на
МАКЕДОНСКИ МАКЕДОНСКИ
влажен или леплив материјал. За чистење користете
топла вода со сапуница.
АВТОМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ВШМУКУВАЊЕТО
Кога правосмукалката ќе ги вшмукне течности,
внатрешната пливка се подигнува се понагоре, додека
не достигне до дихтунгот на влезот на моторот и тогаш
вшмукувањето се исклучува. Тогаш моторот започнува
да работи пошумно и капацитетот на вшмукувањето
драстично се смалува. Во таков случај исклучете ja
веднаш правосмукалката. Ако не го исклучите уредот, по
што пливката е достигнала горен положај и капацитетот
на вшмукувањето е намален, моторот ќе се оштети
озбилно. Пред да го поштите уредот одново, испразнете
го резервоарот за мрсна вода.
СОВЕТ: Ако поради невниманието допуштите
правосмукалката да се обрне на страна, нејзиниот
капацитет на вшмукувањето ќе се намали. Во таков
случај исклучете ja правосмукалката и ja исправите.
Така пливката ќе се врне во својот нормален положај.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Електрична заштита од класа III.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност