Owner's manual

ACCESORII
Pentru o listă completă a accesoriilor,
accesați adresa online www.
milwaukeetool.eu sau contactați un
distribuitor.
SIMBOLURI
ATENȚIE! AVERTISMENT!
PERICOL!
Citiți cu atenție
instrucțiunile înainte de a
utiliza unealta.
МАКЕДОНСКИ
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Модел 4932- 4714 31 4714 30
Максимална
тежина на
алатка
2,3 kg 2,3 kg
Дијаметар на рачка
13 mm 330 mm
2 x 2
460 mm
1 x 1
> 13 - 25 mm 580 mm
2 x 2
640 mm
1 x 1
> 25 - 38 mm 790 mm
2 x 2
610 mm
1 x 1
> 38 - 51 mm 1020 mm
2 x 2
_
> 51 - 64 mm 1250 mm
2 x 2
_
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! Горенаведениот
графикон е наменет за употреба со
елементите за закачување, врвки и
самолеплива лента на MILWAUKEE.
Кога користите елементите за
закачување на MILWAUKEE, освен со
самолепливата лента на MILWAUKEE,
следете ги методите за закачување што
се препорачани од произведувачот.
Зацврстете ги елементите за
закачување на MILWAUKEE САМО со
самолепливата ленда на MILWAUKEE.
* Не користете производи со површина
помала од ширината на елементот за
закачување или со помал дијаметар од
13 mm.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ИНСТРУКЦИИ
Прочитајте ги и разберете ги
сите безбедносни
предупредувања и сите
инструкции. Ако не ги почитувате
предупредувањата и инструкциите,
може да настане сериозна повреда и
оштетување на предметите.
Зачувајте ги сите предупредувања и
инструкции за понатамошна потреба.
Не се користи за лична заштита од
падови.
Само за употреба од страна на обучен
персонал. Корисниците мора да имаат
познавање од областа на безбедност
при работа со алатки и од употреба на
алатки во случаи кога се работи на
определена висина.
Чувајте го производот подалеку од
дофат на деца.
Не го надминувајте максималниот
капацитет што е означен на врвката.
Ако го надминете максималниот
капацитет, може да настане сериозна
повреда или смрт.
Следете ги инструкциите за
инсталација, заедно со потребите за
пакување и должина. Не користете
елементи за закачување и самолеплива
лента на температури под -40°C или
над 65°C.
Користете ја само потребната постојана
должина на самолепливата лента. Не
сечете две должини од лентата за да ја
добиете потребната должина.
Проверете го елементот за закачување
пред секоја употреба. Веднаш заменете
ги оштетените елементи за закачување.
Проверете дали материјалот е исечен,
искинат или изабен и дали е оштетен
шевот. Проверете ја самолепливата
лента пред секоја употреба. Отстранете
и повторно обложете елементот за
закачување со лента ако е оштетен,
олабавен, замотан, набран, збрчкан или
ако се поместил/истргнал по должината
на алатката или надвор од лентата.
Проверете ја самолепливата лента ако
паднала алатката или ако сте ја удриле
кај лентата. Заменете ја самолепливата
лента ако е скината, извлечена или
збрчкана. Користете го елементот за
закачување ако алатките се во
согласност со неговите спецификации.
Не модифицирајте ги алатките за да
направите точки за закачување. Не
закачувајте го елементот на алатки на
начин, на којшто ќе ги спречите
штитниците, прекинувачите или
бравите да работат правилно. Не
користите го елементот на тесни алатки
или алатки со мазни рачки, каде што
лентата може да излезе.
Не користете ги елементите за
закачување во близина на остри или
груби рабови, што може да ги исечат
или изабат елементите.
Не користете го елементот во близина
на абразивни супстанци.
Површините треба да бидат суви, чисти
и без масло или мрснотија. Нечистите
површини нема да дозволат
самолепливата лента да се постави
правилно.
Не модифицирајте ги елементите за
закачување или не користете ги на
поинаков начин од наведениот.
Поврзувајте го елементот со алатки
само на опишаниот начин.
Не врзувајте јазли на елементот за
закачување и не закачувајте го
елементот сам со себе.
Не ја зголемувајте должината на
елементот за закачување. Не
поврзувајте го елементот со конци,
јажиња или други елементи за
закачување.
Не прицврстувајте ги елементите за
закачување на подвижни предмети,
како на пример, скали или кутии со
алат. Подвижните предмети може да ја
нарушат рамнотежата на корисникот
кога се поместуваат. Паднатите алатки
се нишаат и отскокнуваат на елементот
за закачување, при што може да се
бутнат другите предмети.
За алатки со тежина над 2,25 kg, не
прицврстувајте ја врвката на себе.
Паднатите алатки се нишаат и
отскокнуваат на елементот за
закачување, при што може да се изгуби
рамнотежа.
Користете ги елементите за закачување
само на површини пошироки или со
поголем дијаметар од елементот за
закачување.
Користете го спиралниот прстен само
на назначените точки за закачување на
алатката. Не правете дупки и не ги
модифицирајте алатките за да ги
користите со спирални прстени.
Проверете го спиралниот прстен пред
секоја употреба. Заменете го
спиралниот прстен ако е извиткан или
деформиран.
Не прицврстувајте го елементот за
закачување на подвижни делови, како
батерии, странични рачки, штитници