User manual

Упатство за работа – Секач со електромотор Македонски
133
Содржина
За Ваша безбедност . . . . . . 133
Делови за ракување
и прикажување . . . . . . . . . . . 136
Mонтирање на уредот . . . . . 136
Ракување . . . . . . . . . . . . . . . 136
Транспорт . . . . . . . . . . . . . . . 137
Одржување/Чистење . . . . . . 137
Ставање во мирување . . . . . 138
Гаранциjа . . . . . . . . . . . . . . . 138
Откривање и отстрану-
вање на пречките . . . . . . . . . 138
Податоци на типската
ознака
Овие податоци се многу важни
за подоцнежна идентификациjа
при нарачка на резервни делови
за уредот и за сервисната служба.
Типската ознака ќе jа наjдете
во близина на моторот.
Внесете ги сите податоци од оваа
типска ознака во следното поле.
Овие и другите податоци за уре-
дот ќе ги наjдете во посебната
СЕ изjава за усогласеност што
е составен дел од ова упатство
за употреба.
Прикази со слика
Отворете ги страниците со слики
на почетокот на упатството
за ракување. Во ова упатство
за ракување се опишани различ-
ни модели. Графичките прикази
може во детаљи да се разлику-
ваат од набавениот уред.
За Ваша безбедност
Kористете го уредот
правилно
Овоj уред е наменет исклучиво за
користење соодветно на опи-
сите и безбедносните совети
наведени во ова упатство
за работа;
за раситнување на влакнест или
дрвенест органски материjал
од приватното домаќинство
и од домашни и хоби градини.
Секое друго користење не е соод-
ветно на намената. Kористењето
кое што не е соодветно на наме-
ната повлекува како последица
губење на гаранциjата и одби-
вање на секаква одговорност
од страна на производителот.
Kорисникот одговара за сите
оштетувања на трети и на нив-
ната сопственост.
Самоволните промени на уредот
jа исклучуваат одговорноста на
производителот за штетите што
ќе произлезат од тоа.
Внимаваjте на безбед-
носните совети и сове-
тите за ракување
Kако корисник на овоj уред вни-
мателно прочитаjте го ова упатст-
во за работа пред првото кори-
стење. Постапуваjте според него
и зачуваjте го истото за подоц-
нежно користење.
Hикогаш не им дозволуваjте
на децата или на другите лица
што не го познаваат ова упатство
за работа да го користат уредот.
При промена на сопственикот
предаjте го упатството за раку-
вање заедно со уредот.
Општи безбедносни
совети
Во ова поглавjе ќе ги наjдете
општите безбедносни совети.
Предупредувањата што посебно
се однесуваат на одредени дело-
ви од уредот, функции или деjства
ќе ги наjдете на соодветното
место во ова упатство.
Пред работата со уредот
Лицата што го користат уредот
не смее да бидат под влиjание
на алкохол, дрога или лекови.
Лицата под 16 години не смее
да ракуваат со уредот месните
одредби можат да одредуваат
минималната возраст на корис-
никот.
Овоj уред не е наменет за раку-
вање од лица (вклучуваjќи деца)
со ограничени физички, сензор-
ни или духовни способности или
со недостаток на искуство и/или
недостаток на знаење, освен во
случаj кога ги надгледува лице
што е задолжено за нивната
безбедност или од него доби-
ваат упатства за користење
на уредот.
Децата треба да се надгледу-
ваат заради сигурност дека
нема да играат со уредот.
Пред започнувањето со рабо-
тата запознаjте ги сите меха-
низми и делови за ракување,
како и нивните функции.
Моќноста на овие уреди е про-
верена за траjна работа S6
со испрекинато оптоварување
од 40%.
Тоа соодветствува на нормална
работа на секач, при коjа што
се менуваат времињата на
оптоварување и мирување.
Kористете електричен алат,
прибор, апликациски алати итн.
соодветно на овие упатства.
Притоа внимаваjте на условите
на работа и на работата што
jа извршувате.
Kористењето на електрични
алати за примени кои што
се разликуваат од предвиде-
ните може да доведе до опасни
ситуации.
Пред користењето проверете
дали на приклучниот кабел
има знаци на оштетување или
стареење.
Hе користете електричен алат
чиj што прекинувач е неиспра-
вен. Електричен алат што по-
веќе не може да се вклучува
или исклучува е опасен и мора
да се поправи.
Доколку приклучниот кабел
за струjа се оштети за време
на користењето на уредот,
истиот смее да се допре дури
откако приклучокот ќе се
отстрани од мрежата.
Внимание! Hожевите продолжу-
ваат да се вртат откако ќе се
исклучи моторот.