Installation Instructions
21
Плоснати канали
Користете плоснати канали, чиј внатрешен пресек
одговара на дијаметарот на тркалезните цевки:
¡ Дијаметар од 150mm одговара на
околу177cm².
¡ Доколку отстапуваат дијаметрите на цевките,
ставете дихтунг-ленти.
¡ Не користете плоснати канали со остри агли на
виткање.
Тркалезни цевки
Користете тркалезни цевки со внатрешен
дијаметар од 150ºmm.
Напомени за издувен режим
При режим на издувен воздух, треба да се
монтира неповратна клапна.
Забелешки
¡ Доколку уредот нема неповратна клапна,
истата може да ја набавите од специјализирана
продавница.
¡ Доколку издувниот воздух се спроведе низ
надворешен ѕид, треба да се употреби ѕидна
вентилација.
Проверка на кујнски елементи
1. Проверете дали кујнските елементи се
хоризонтални и доволно издржливи.
Максималната тежина на уредот изнесува
околу 25kg.
Работната плоча во која ќе го монтирате
уредот, мора да издржува товар од околу
60kg.
2. Проверете дали е загарантирана стабилноста
на кујнскиот елемент по сечењето.
3. Проверете ги носивоста и стабилноста со
соодветните потконструкции, особено кај тенки
плочи.
‒ Внимавајте на тежината на уредот
вклучително и дополнително полнење.
‒ Користете материјал за зајакнување отпорен
на топлина и влага.
4. Осигурете се дека вградениот мебел е отпорен
на топлина до 90°C.
5. Одоздола не вградувајте други уреди, како
напр. рерни, ладилници, машини за садови или
машини за алишта.
6. По инсталацијата проверете дали е рамен
уредот во отворот за монтажа.
Подготовка на кујнските елементи
Услов:Кујнскиот елемент мора да биде отпорен
на температура до 90°C.
1. Означете го парчето мебел според скицата за
вградување.
→Сл.
14
2. Издупчете четири дупки со дијаметар од 6mm.
→Сл.
24
3. Проверете дали аголот на исечената површина
со работната плоча изнесува 90°.
→Сл.
24
Одржување на минималните растојанија при
вградување над фиока
1. За вадење на преливниот сад кај вграден уред,
земете ги предвид минималните растојанија.
→Сл.
11
2. Внимавајте на позицијата на преливниот сад.
→Сл.
12
Подготовка на мебелот и уредот за
циркулациониот режим со адаптер
Забелешка:Не препорачуваме инсталација на
надворешен ѕид што не е термички изолиран или
над ладен под (µ ≥ 0,5 W/m² °C).
1. При комбинација со адаптер за исечок на
задниот ѕид, почитувајте ги соодветните
димензии.
→Сл.
25
2. Измерете ја дебелината на работната плоча.
Пренесете ги димензиите на шаблонот и
нацртајте линија, која одговара на нив.
→Сл.
26
3. Сечете на шаблонот по означената линија на
дебелината на работната плоча А, на
средишната линија на пресекот B и
референтната линија до внатрешниот излез на
воздух.
4. Означете ја средината на отсекот на работната
плоча како средишна линија на задниот ѕид на
кујнскиот елемент.
→Сл.
27
5. Изедначете го шаблонот на средишната линија
на задната страна на мебелот и на долниот дел
на работната површина.
6. Направете отсек на задната страна со помош
на шаблонот.
7. По сечењето, отстранете ги струготините.
8. Запечатете ги површините за сечење за да се
отпорни на топлина и вода.
→Сл.
24
Вентилација
1. При циркулационен режим направете отвор за
воздухот на лентата на подлогата на мебелот.
‒ Предвидете минимален пресек на отворот за
воздух од околу 400cm².
‒ За повлекувањето на воздух и звуците да
бидат што помали, излезниот отвор во
маската на подлогата треба да се направи
што е можно поголем.
2. За да се загарантира правилен начин на
функционирање на уредот, проветрувајте го
полето за готвење со излез за воздух со
минимален пресек од 200cm² во долниот
шкаф.
Вградување уред со циркулационен режим со
адаптер
Прицврстете го дихтунгот на адаптерот
▶ Прицврстете го дихтунгот на адаптерот со макс.
5 mm до работ.
→Сл.
28
Ставање на адаптер
1. Исчистете и одмастете ја лепливата површина
околу исечокот на задната страна од мебелот.
2. Вметнете го адаптерот во излезниот отвор на
задната страна на полето за готвење.
→Сл.
29
3. Отстранете ја заштитната фолија на лепливата
лента од адаптерот.
→Сл.
30
Вметнување на уредот во исечениот дел од
работната плоча
1. Проверете дали приклучниот кабел е поврзан
со уредот.
2. Внимателно вметнете го уредот во исечениот
дел од работната плоча.
→Сл.
31










