Installation Instructions

18
Димензии за вградување на колено за
плоснат канал
Тука ќе најдете преглед на димензиите за
вградување на коленото за плоснат канал.
Страничен преглед:
→Сл.
4
→Сл.
5
→Сл.
6
Преден преглед:
→Сл.
7
Варијанти на инсталација
Тука ќе најдете преглед на различните варијанти
на инсталација.
Филтер за миризби и адаптер за циркулационен
режим:
→Сл.
8
Филтер за миризби, дифузер и дихтунг за
циркулационен режим:
→Сл.
9
Акустичен филтер и дихтунг за издувен режим:
→Сл.
10
Забелешка:Соодветните канали за инсталација
можете да ги купите во сервисната служба, на
нашата веб-страница или во специјализираната
продавница.
Безбедносни растојанија
Почитувајте ги безбедносните растојанија на
уредот.
Растојанија до преливниот сад:
→Сл.
11
Позиција на преливниот сад:
→Сл.
12
При растојание од 50mm помеѓу задната страна
на мебелот и ѕидот, јачината е оптимална. При
помало растојание јачината се намалува.
→Сл.
13
Почитувајте ги безбедносните растојанија при
сечење на работната плоча.
Не ставајте предмети во фиоката, што ја
надминуваат нејзината максимална висина.
Предметите можат да се удрат во основата на
уредот и со тоа да се нарушат функциите.
→Сл.
14
Општи напомени
¡ Внимателно прочитајте го упатството.
¡ Само лиценцирано стручно лице смее
да го приклучи уредот.
¡ Пред работење на каква било работа,
исклучете го напојувањето.
¡ Никогаш не го користете овој уред во
чамци или возила.
¡ Почитувајте ги препораките на
производителот на работната плоча.
Безбедна монтажа
Кога го монтирате уредот, внимавајте на овие
безбедносни напомени.
Само со стручна монтажа согласно упатството за
монтажа е загарантирана безбедноста при
употреба на уредот. Инсталатерот е одговорен за
беспрекорно функционирање на местото на
поставување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност:
Магнетизам!
Уредот содржи постојани магнети. Тие може да
влијаат на електронските имплантанти, напр.
пејсмејкерите или инсулинските пумпи.
Лица со електронски имплантанти треба да се
придржуваат на 10cm најмало растојание од
уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од труење!
Всисаните согорени гасови може да доведат до
труење. Уреди за ложење што користат воздух од
просторијата (на пр. грејни уреди кои работат на
гас, масло, дрва или јаглен, проточни бојлери,
бојлери) влечат воздух за согорување од
просторијата каде се поставени и издувните
гасови ги одведуваат низ уред за издувни гасови
(на пр. камин) надвор. При поврзување со
вклучен аспиратор, се влече воздухот од кујната и
соседните простории. Без доволен довод на
воздух настанува потпритисок. Отровните гасови
од каминот или отворот на аспираторот ќе се
всисаат повторно во станбените простории.
Секогаш погрижете се за доволен довод на
воздух доколку го користите уредот во издувен
режим истовремено со уред за ложење и
користи воздух од просторијата каде е
поставен.
Безбедно работење е возможно, само доколку
потпритисокот во просторијата каде е поставен
уредот за ложење не надминува
4Pa(0,04mbar). Ова може да се постигне,
доколку потребниот воздух за согорување
може да се надополни од отворите кои не може
да се затворат, на пр. врати, прозорци,
поврзани со ѕидни кутии за довод/одвод на
воздух или пореди други технички мерки. Ѕидна
кутија за довод/одвод на воздух не гарантира
придржување до граничната вредност.
За секој случај, посоветувајте се кај
надлежната оџачарска служба, која може да ја
процени вентилацијата и да преземе соодветни
мерки за проветрување.
Доколку уредот се постави исклучиво во
циркулационен режим, возможна е работа без
ограничување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од пожар!
Наталожената маснотија во филтерот за маснотии
може да се запали.
Во близина на уредот не работете со отворен
пламен (на пр. фламбирање).
Инсталирајте го уредот само во близина на
уреди за ложење со цврсто гориво (на пр. дрво
или јаглен), доколку има затворен поклопец кој
не се вади. Не смее да има летање на искри.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од повреда!
Вршењето промени на електричната или
механичката конструкција е опасно и може да
доведе до погрешно функционирање.
Не вршете промени на електричната или
механичката конструкција.