Installation Instructions

20
Напомени за издувниот вод
Производителот на уредот не презема
одговорност за рекламации кои се однесуваат на
цевките.
¡ Користете кратка права издувна цевка по
можност со голем дијаметар.
¡ Големите груби издувни цевки, многуте колена
или мали дијаметри на цевките го намалуваат
капацитетот на издувување и ги зголемуваат
звуците на вентилаторот.
¡ Не користете издувна цевка од запалив
материјал.
¡ За да избегнете повлекување на кондензат,
монтирајте ја издувната цевка од уредот со 1°
косина.
Плоснати канали
Користете плоснати канали, чиј внатрешен пресек
одговара на дијаметарот на тркалезните цевки:
¡ Дијаметар од 150mm одговара на
околу177cm².
¡ Доколку отстапуваат дијаметрите на цевките,
ставете дихтунг-ленти.
¡ Не користете плоснати канали со остри агли на
виткање.
Тркалезни цевки
Користете тркалезни цевки со внатрешен
дијаметар од 150ºmm.
Напомени за издувен режим
При режим на издувен воздух, треба да се
монтира неповратна клапна.
Забелешки
¡ Доколку уредот нема неповратна клапна,
истата може да ја набавите од специјализирана
продавница.
¡ Доколку издувниот воздух се спроведе низ
надворешен ѕид, треба да се употреби ѕидна
вентилација.
Проверка на кујнски елементи
1. Проверете дали кујнските елементи се
хоризонтални и доволно издржливи.
Максималната тежина на уредот изнесува
околу 25kg.
Работната плоча во која ќе го монтирате
уредот, мора да издржува товар од околу
60kg.
2. Проверете дали е загарантирана стабилноста
на кујнскиот елемент по сечењето.
3. Проверете ги носивоста и стабилноста со
соодветните потконструкции, особено кај тенки
плочи.
Внимавајте на тежината на уредот
вклучително и дополнително полнење.
Користете материјал за зајакнување отпорен
на топлина и влага.
4. Осигурете се дека вградениот мебел е отпорен
на топлина до 90°C.
5. Одоздола не вградувајте други уреди, како
напр. рерни, ладилници, машини за садови или
машини за алишта.
6. По инсталацијата проверете дали е рамен
уредот во отворот за монтажа.
Подготовка на кујнските елементи
Услов:Кујнскиот елемент мора да биде отпорен
на температура до 90°C.
1. Означете го парчето мебел според скицата за
вградување.
→Сл.
14
2. Издупчете четири дупки со дијаметар од 6mm.
→Сл.
24
3. Проверете дали аголот на исечената површина
со работната плоча изнесува 90°.
→Сл.
24
Одржување на минималните растојанија при
вградување над фиока
1. За вадење на преливниот сад кај вграден уред,
земете ги предвид минималните растојанија.
→Сл.
11
2. Внимавајте на позицијата на преливниот сад.
→Сл.
12
Подготовка на мебелот и уредот за
циркулациониот режим со адаптер
1. При комбинација со адаптер за исечок на
задниот ѕид, почитувајте ги соодветните
димензии.
→Сл.
25
2. Направете исечок на задната страна со помош
на шаблонот.
3. При циркулационен режим направете отвор за
воздухот на лентата на подлогата на мебелот.
Предвидете минимален пресек на отворот за
воздух од околу 440cm².
За повлекувањето на воздух и звуците да
бидат што помали, излезниот отвор во
маската на подлогата треба да се направи
што е можно поголем.
4. За да се загарантира правилен начин на
функционирање на уредот, проветрувајте го
полето за готвење со излез за воздух со
минимален пресек од 200cm² во долниот
шкаф.
5. По сечењето, отстранете ги струготините.
6. Запечатете ги површините за сечење за да се
отпорни на топлина и вода.
→Сл.
24
Подготовка на мебелот за циркулациониот
режим со вентилационен канал
1. По потреба извадете го задниот ѕид на
мебелот.
2. При комбинација со коленото за рамен канал
за исечок на задниот ѕид, почитувајте ги
соодветните димензии.
→Сл.
26
3. При циркулационен режим направете отвор за
воздухот на лентата на подлогата на мебелот.
Предвидете минимален пресек на отворот за
воздух од околу 440cm².
За повлекувањето на воздух и звуците да
бидат што помали, излезниот отвор во
маската на подлогата треба да се направи
што е можно поголем.
4. За да се загарантира правилен начин на
функционирање на уредот, проветрувајте го
полето за готвење со излез за воздух со
минимален пресек од 200cm² во долниот
шкаф.
5. По сечењето, отстранете ги струготините.
6. Запечатете ги површините за сечење за да се
отпорни на топлина и вода.
→Сл.
24
Подготовка на мебелот за издувен режим
1. По потреба извадете го задниот ѕид на
мебелот.
2. При комбинација со колено за рамен канал за
исечок на задниот ѕид, почитувајте ги
соодветните димензии.
→Сл.
27