Operating Instruction

Подготовка
Полнење на батериjата
Батеријата што може да се користи со овој уред е DMW-BLC12E.
Поставете ја батеријата, но особено внимавајте на правецот на поставување на батеријата.
Поврзете го AC кабелот за електрично напојување.
Показателот за полнење [CHARGE] светнува и полнењето почнува.
Во врска со показателот за полнење [CHARGE]
Показателот за полнење [CHARGE] се вклучува:
Показателот за полнење [CHARGE] се вклучува за време на полнењето.
Показателот за полнење [CHARGE] се исклучува:
Показателот за полнење [CHARGE] ќе се исклучи кога полнењето ќе биде завршено. (Исклучете го
полначот од ѕидниот приклучок за електрично напојување и извадете ја батеријата од полначот откако
ќе се наполни целосно.
Време на полнење
Време на полнење Приближно 140 мин.
Означеното време на полнење се однесува на полнењето кога батеријата е целосно празна.
Времето на полнење може да се разликува во зависност од тоа колку е употребувана
батеријата. Времето на полнење на батеријата може да биде подолго ако батеријата е
поставена во ладна/топла околина или ако не е користена подолго време.