Operating Instruction

Декларација за согласност (DoC)
„Со ова Panasonic Corporation изјавува дека овој уред е во согласност со суштинските
барања и другите релевантни одредби од Директивата 1999/5/EC“.
Потрошувачите можат да преземат копија од оригиналот на Декларацијата за согласност
(DoC) за нашите R&TTE производи од нашиот DoC сервер:
Контактирајте го овластениот претставник:
Овој производ е наменет за општите потрошувачи. (Категорија 3)
Овој производ е наменет за поврзување со пристапна точка со 2.4 GHz WLAN.
Во врска со батеријата
ВНИМАНИЕ:
Постои опасност од експлозија, ако неправилно ги поставите батериите. Заменувајте ги
само со типот што е препорачан од производителот.
Кога ќе ги фрлате батериите, ве молиме контактирајте ја вашата локална власт или
продавачот за правилен начин на одложување.
Предупредување
Опасност од пожар, експлозија и запалување. Не расклопувајте ја, не загревајте ја на
температура поголема од 60° Целзиусови степени или не изложувајте ја на отворен оган.
Не загревајте ги или не изложувајте ги батериите на оган.
Не оставајте ја батеријата (батериите) во автомобилот изложена на директна сончева
светлина подолг временски период со затворени врати и прозорци.
ВНИМАНИЕ:
За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар или оштетување на производот,
Не инсталирајте го или не поставувајте го овој уред во орман за книги, вградена кабина
или во друг ограничен простор. Проверете дали уредот има добра вентилација.
Полначот за батерии е во состојба на подготвеност (Standby) кога AC кабелот за електричното
напојување е поврзан во ѕидниот приклучок. Примарното коло секогаш е „живо“ сè додека
кабелот за електрично напојување е поврзан во ѕидниот електричен приклучок.
Во врска со полначот за батеријата