Operating Instruction

Предупредување за АС кабелот
за електрично напојување
За ваша безбедност, ве молиме внимателно
прочитајте го следниот текст.
За ваша безбедност, овој уред е опремен со
приклучок за напојување со три контакти.
Во овој приклучок има осигурувач од пет
ампери. Доколку има потреба од замена на
осигурувачот, ве молиме осигурете се дека
осигурувачот со кој ја вршите замената исто
така има пет ампери и дека е одобрен од
АЅТА или BSI за BS1362.
Проверете дали осигурувачот ги содржи
ознаките АЅТА или BSI .
Доколку приклучокот содржи осигурувач со
подвижна поклопка, не заборавајте да ја
вратите поклопката откако ќе го замените
осигурувачот.
Во случај да ја загубите поклопката на
осигурувачот, не употребувајте го уредот се
додека не набавите замена за загубената
поклопка.
Новa поклопка за осигурувачот можете да
набавите од вашиот локален продавач.
Пред употреба
Отстранете ја поклопката на приклучокот.
Како да го замените осигурувачот
Местоположбата на осигурувачот се
разликува во зависност од видот на АС
кабелот за електрично напојување (слики А
и Б). Потврдете дека АС кабелот за
електрично напојување одговара и следете
ги долунаведените упатства.
Илустрациите можат да се разликуваат од
актуелниот АС кабел за електрично
напојување.
1. Со шрафцигер отворете ја поклопката на
осигурувачот.
Слика А Слика Б
Слика А Слика Б
Поклопка на
осигурувачот
Осигурувач
(пет ампери)
Осигурувач
(пет ампери)
2. Заменете го осигурувачот и затворете ja или
прикачете ја поклолката на осигурувачот.
Предупредувања за користењето
Не употребувајте други УСБ-кабли за поврзување, освен тој што е испорачан или
оригинален Panasonic УСБ-кабел за поврзување (DMW-USBC1: опционално).
Секогаш користете оригинален Panasonic HDMI мини-кабел (RP-CHEM15, RP-CHEM30:
опционално). Број на дел: RP-CHEM15 (1,5 м) (5 стапки), RP-CHEM30 (3,0 м) (10 стапки).
Секогаш користете оригинален Panasonic AV кабел (DMW-AVC1: опционално).
Секогаш користете оригинален Panasonic далечински управувач за бленда (DMW-RSL1:
опционално).
Чувајте го овој уред колку што е можно подалеку од електромагнетна опрема (како што
се микробранови печки, ТВ-уреди, видеоигри итн.).
Ако го користите уредот поставен врз ТВ-уред или во негова близина, сликата и звукот на
овој уред можат да бидат попречени од зрачењето на електромагнетните бранови.
Не употребувајте го овој уред во близина на мобилни телефони, бидејќи може да
предизвика пречки во сликата и звукот.
Од силните магнетни полиња, што ги создаваат звучниците или големите мотори, можат да
се оштетат снимените податоци или сликите можат да бидат искривени.
Зрачењето на електромагнетните бранови генерирано од микропроцесори може негативно
да влијае на уредот, предизвикувајќи пречки во сликата и звукот.
Ако овој уред е попречен од електромагнетна опрема и не работи правилно, исклучете го
уредот и отстранете ја батеријата или исклучете го AC адаптерот (DMW-AC8E:
опционално). Потоа, повторно ставете ја батеријата или приклучете го AC адаптерот и
вклучете го уредот.
Не употребувајте го овој уред во близина на радиотрансмитери или линии со висока
волтажа.
Ако снимате во близина на радиотрансмитери или линии со висока волтажа, снимените
слики и/или звук можат да бидат оштетени.