Operating instructions

Држете го адаптерот кога го вадите од штекер, ако го влечете
кабелот може да го оштетите.
Кабелот за напојување не може да биде заменет. Ако кабелот е
оштетен, апаратот треба да се исфрли од употреба.
Соодветна температура за полнење е 035°C.
Чистење на апаратот за бричење
Пред да го употребите
Овој МОКРО/СУВО апарат за бричење може да се користи за
мокро бричење со пена за бричење или за суво бричење.
Можете да го користите овој апарат за бричење под туш и да го
чистите под вода. Сликата е симбол за мокро бричење. Симболот
значи дека може да се користи под туш или во када.
И двата внатрешни сечила треба да бидат вметнати. Ако само
еден од сечлата е вметнат, може да се оштети апаратот за
бричење.
Ако го чистите апаратот со вода, не користете солена или
топла вода. Не го потопувајте апаратот под вода долг период на
време. Избришете го со крпа натопена во насапунета вода. Не
користете разредувачи, бензин или алкохол.
Чување на апаратот за бричење
Исклучете го кабелот од струја кога го кревате на место. Не
го превиткувајте кабелот за напојување и не го виткајте
околу апаратот за бричење.
Овој уред не е наменет за употреба од лица (вклучително и
деца) со намалени физички, сензорни или ментални
способности, или недоволно искуство и знаење, освен ако имаат
надзор или инструкции за користење на апаратот од лице
одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под
надзор за да не си играат
со апаратот.
Чувајте ги сите упатства на безбедно место.
Употребувајте го за мокри бричења со пена барем три недели и
забележете ја разликата. Треба време да се привикнете на
вашиот Panasonic апарат за МОКРО/СУВО бричење бидејќи на
вашата кожа и брада и треба околу месец дена за да се
навикне на нов метод на бричење.
Користење на апаратот за бричење
Полнење на апаратот за бричење
Не користете секаков кабел за напојување или АC
адаптер, туку само тој што е специјално дизајниран за
овој модел. Користете го само RE755 адаптерот за
ESRL21апарат за бричење.
Вклучете го адаптерот во штекер каде што нема влага и
користете го со суви раце.
Апаратот за бричење може да стане топол додека се
користи или полни. Сепак тоа не е дефект.
Не го полнете апаратот изложен на директно сонце или
блиску до други извори на топлина.
2
македонски
СПЕЦИФИКАЦИИ
Извор на енергија: види ја полочата со името на производот.
(автоматска конверзија на напон)
Моторен напон: 2.4VDC
Време на полнење:8 часа.
Овој производ е наменет само за домашна употреба.
Внимание: Надворешната фолија е многу тенка и може да се
оштети ако не се користи правилно. Проверете дали фолијата е
оштетена пред да го употребите апаратот и не го користете ако
фолијата е оштетена затоа што можете да се исечете.
Предупредување:
Исклучете го кабелот за напојување од струја пред да го
чистите во вода за да избегнете електричен удар.
Важно
,