Operating Instruction

Препораки за употреба
Не прскајте инсектициди или
опасни хемикалии во уредот.
- Ако го изложите уредот на вакви
хемикалии, тоа може да влијае на
неговата површина и да доведе до
нејзино обезбојување.
- Не оставајте го уредот да биде долго
време во контакт со гумени или
пластични производи.
Чистење
- Пред чистење, извадете ја батеријата или
откачете го АС адаптерот
и избришете го
уредот со мека и сува крпа.
- Ако уредот е многу нечист, натопете крпа
со малку вода и избришете го
внимателно. Потоа, избришете го со сува
крпа.
-
Употребата на бензин, растворувач за бои,
алкохол или средство за садови може да
ја излупи површината. Не употребувајте
вакви средства.
- Ако користите ткаенина со хемиски
додатоци за отстранување прав
, следете
ги инструкциите за употреба.
Ако не планирате да го користите
уредот долго време
- Ако го чувате уредот во затворен
простор, се препорачува во него да
ставите силикатен гел.
Извадете ја батеријата по употреба.
- Ако ја оставите батеријата во уредот, мал
проток на струја продолжува да протекува
низ уредот. Тоа може да резултира со
празнење на батеријата. Понекогаш нема
да можете да ја користите батеријата дури
и откако ќе ја наполните.
- Батеријата треба да се чува на ладно
место, подалеку од влага, со константна
температура. (Препорачана
температура: 15
o
C
дo 25
o
C,
Препорачана влажност: 40%RH дo
60%RH)
- За да ја чувате батеријата долго време,
препорачуваме да ја полните еднаш
годишно и да ја извадите повторно откако
целосно ќе го испразните нејзиниот
капацитет.
Чувајте го уредот подалеку од
електромагнетна опрема (како микробра-
нови печки, ТВ, видеоигри и сл.).
- Ако го користите овој уред врз или во
близина на ТВ, сликата и/или звукот на овој
уред може да се искриви поради
електромагнетните бранови.
- Не употребувајте го уредот во близина на
мобилни телефони бидејќи тоа може да
влијае на квалитетот на сликата и/или
звукот.
- Снимените податоци може да се оштетат,
или сликите да се искриват од силните
магнетни полиња креирани од звучници или
големи мотори.
- Електромагнетните бранови се генерираат
од микропроцесори и тие може да делуваат
на овој уред искривувајќи ја сликата и/или
звукот.
- Ако електромагнетна опрема дејствува на
овој уред, исклучете го и извадете ја
батеријата или АС адаптерот. Потоа
повторно вметнете ги и повторно вклучете
го уредот.
Не употребувајте го уредот во близина
на радиотрансмитери или
високонапонски линии.
- Ако снимате во близина на радио
трансмитер или високонапонска линија,
тоа
може да влијае на квалитетот на снимениот
звук и/или слика.
За поврзувањето со компјутер (РС)
- Не употребувајте други USB кабли освен
оној што ви е доставен со уредот.
За поврзувањето со ТВ
- Секогаш употребувајте го доставениот
HDMI мини кабел или оригинален
Panasonic HDMI мини кабел
(RP-CDHM15, RP-CDHM30: oпционално).
Користете ги доставените кабли и
додатоци. Не употребувајте
продолжителни кабли.
4
Уредот и SD картичката се загреваат за
време на употреба. Тоа не е дефект.