Operating instructions
- 16 -
Општо ракување со телевизорот
Употребување на списокот со канали
Телевизорот ги распоредува сите меморирани станици
во Channel List. Можете да го уредите овој список на
канали, да поставите омилени или да поставите активни
станици кои ќе бидат набројани со употреба на опциите
Channel List.
Конфигурирање на поставувања за родителска
контрола
За да го забраните гледањето на одредени програми, каналите
и менијата можат да бидат заклучени со употреба на
системот за родителска контрола.
За да го прикажете менито за заклучување со родителска
контрола, треба да го внесете PIN бројот. Фабрички
предоредениот PIN број е 0000. Откако ќе го кодирате
соодветниот PIN број, ќе се прикаже менито Parental
Settings.
Заклучување на мени: Поставувањето за заклучување
на мени го овозможува или оневозможува пристапот до
менито.
Заклучувањена канали за возрасни: Го ограничува
пристапот до преноси со содржина за возрасни.
Заштита од деца: Копчињата за контрола на телевизорот
се оневозможени и возможно е само далечинско
управување.
Поставување на PIN: Дефинира нов PIN број.
Предодредениот PIN код може да се промени
зависно од избраната држава.
Ако биде побарано да внесете PIN код за преглед на опција на
мени, употребете еден од следните кодови: 4725, 0000 или
1234.
Некои опции може да не бидат достапни зависно од изборот на
држава во првичната инсталација.
Електронски водич за програми (EPG)
Некои канали испраќаат информации за нивните
распореди на пренос. Притиснете го копчето Epg за да го
прегледате менито Programme Guide.
Достапни се 3 различни видови на изглед на распоред,
Timeline Schedule, List Schedule и Now/Next Schedule.
За да менувате меѓу нив, следете ги упатствата на дното
од екранот.
Распоред на временска линија
Претходен ден (црвено копче): Ги прикажува
програмите од претходниот ден.
Следен ден (зелено копче): Ги прикажува програмите
од следниот ден.
Зумирање (жолто копче): Притиснете го жолтото копче
за да ги видите настаните за поголем временски период.
Филтер (сино копче): Прегледување на опции за
филтрирање.
Избирање на жанр (копче за превод): Го прикажува
менито Select Genre. Со употребување на оваа
карактеристика можете да ја пребарате базата на
податоци на програмскиот водич според жанрот. Ќе бидат
пребарани достапните информаци во програмскиот
водич и резултатите коишто ќе ги исполнуваат вашите
критериуми ќе бидат набројани.
Детали за настани (копче Инфо): Ги прикажува
деталните информации за избраните настани.
Скок (нумерички копчиња): Скока до приоритетниот
канал директно преку нумеричките копчиња.
Опции (копче OK): Ги прикажува опциите за настаните.
Пребарување (копче Текст): Го прикажува менито
Guide Search.
Тековно (копче за менување): Го прикажува тековниот
настан на
обележаниот канал.
Распоред на список(*)
(*) Во оваа опција за преглед, ќе бидат набројани само
настаните на обележаните канали.
Претходен временски период (црвено копче): Ги
прикажува настаните од претходниот временски период.
Претходен ден (жолто копче): Ги прикажува настаните
од претходниот ден.
Скок (нумерички копчиња): Скока до приоритетниот
канал директно преку нумеричките копчиња.
Детали за настани (копче Инфо): Ги прикажува
деталните информации за избраните настани.
Филтер (копче Текст): Прегледување на опции за
филтрирање.
Следен временски период (зелено копче): Ги
прикажува настаните од следниот временски период.
Следен ден (сино копче): Ги прикажува настаните од
следниот ден.
Опции (копче OK): Ги прикажува опциите за настаните.
Програма
+/-: Повеќе информации за настани
Распоред за тековно/следно
Опции (копче OK): Ги прикажува опциите за настаните.
Детали за настани (копче Инфо): Ги прикажува
деталните информации за избраните настани.
Програма
+/-: Повеќе информации за настани
Филтер (сино копче): Прегледување на опции за
филтрирање.
Опции за настан
Употребете ги копчињата со стрелки да обележите настан
и притиснете го копчето OK за да го прикажете менито
Event Options. Достапни се следните опции.
Избирање на канал: Со употребување на оваа опција
можете да менувате до избраниот канал.
Поставување на тајмер на настан / Бришење на
тајмер на настан: Откако ќе изберете настан во EPG
менито, притиснете го копчето OK. Изберете ја опцијата
Set Timer on Event и притиснете го копчето OK. Можете
да поставите тајмер за идни настани.
За да откажете веќе поставен тајмер, обележете го тој
настан и притиснете го копчето OK. Потоа изберете
ја опцијата Delete Timer on Event. Тајмерот ќе биде
откажан.
Надградба на софтвер
Вашиот телевизор има способност автоматски да
пребарува и да се надградува преку сигналот на пренос.
Пребарување на надградба на софтвер преку
корисничкиот интерфејс
На главното мени изберете Settings, a потоа изберете
Other Settings. Движете до Software Upgrade.