Operating instructions
- 3 -
Информации за безбедност
ВНИМАНИЕ
РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН
УДАР НЕ ОТВАРАЈ
ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ
ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ГО
ОТСТРАНУВАЈТЕ КАПАКОТ (ИЛИ
ЗАДНИОТ ДЕЛ).
ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО
БИ МОЖЕЛ ДА ГИ ПОПРАВИ
РАКУВАЧОТ. ОСТАВЕТЕ МУ ГО
СЕРВИСИРАЊЕТО НА ОВЛАСТЕН
СЕРВИСЕН ПЕРСОНАЛ.
Не ракувајтесо вашиот телевизор во екстремни
амбиентални услови затоа што ова може да
предизвика оштетување на вашиот телевизор.
При екстремни временски услови (бури, громови)
и долги периоди на неактивност (одење на одмор)
исклучете го телевизорот од штекер . Приклучокот
за напојување се употребува за да се исклучи
телевизорот од штекер и затоа мора да остане
подготвен за употреба.
Овој знак е присутен секогаш кога има многу важни
информации за ракувањето и одржувањето на уредот
во литературата што е снабдена со него.
Белешка: Следете
ги упатствата на екранот за ракување со
поврзаните карактеристики.
ВАЖНО - Ве молиме прочитајте ги
овие упатства целосно пред да вршите
инсталирање или пред ракување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не им дозволувајте
на луѓе (вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сензорни или ментални способности или недостаток
од искуство и / или знаење да ги употребуваат
електричните уреди без надзор.
• За цели на вентилација, оставете слободен простор од
најмалку 10 cm насекаде околу уредот.
• Не ги блокирајте отворите за вентилација.
• Не го поставувајте телевизоро на закосени или
нестабилни површини, телевизорот може да се
преврти.
• Употребувајте го овој уред на умерена клима.
• Приклучокот на кабелот за напојување треба да биде
лесно достапен. Не го поставувајте телевизорот,
мебелот, итн врз кабелот за напојување.
Оштетен кабел/приклучок за напојување може да
предизвика пожар или да предизвика електричен удар.
Ракувајте со кабелот за напојување преку приклучокот,
не го исклучувајте телевизорот од штекер со влечење
на кабелот за напојување. Никогаш не го допирајте
кабелот/приклучокот за напојување со влажни раце
бидејќи ова може да предизвика краток спој или
електричен удар. Никогаш не правете јазок во кабелот
за напојување ниту пак го врзувајте со други кабли.
Кога ќе се оштети, мора да се замени, а ова треба да
биде извршено само од квалификуван персонал.
• Не го употребувајте овој телевизор во влажна или
водена околина.
Не го изложувајте телевизорот на течности. Во случај
ако шкафот дојде во контакт со какви било течности,
веднаш исклучете го телевизорот од штекер и тој
нека биде проверен од квалификуван персонал пред
повторно да ракувате со него.
• Не го изложувајте телевизорот на директна сончева
светлина, отворен пламен ниту го поставувајте во
близина на силни извори на топлина како што се
електрични греалки.
• Слушањето на превисока јачина на звук од слушалките
може да предизвика оштетување на слухот.
• Обезбедете дека нема извори на отворен
пламен, како што се запалени свеќи,
поставено врз телевизорот .
• За да спречите повреди, овој телевизор мора да биде
цврсто прикачен на ѕид со внимателно следење на
упатствата (ако опцијата е достапна).
• Повремено, неколку неактивни пиксели можат да се
појават на екранот како фиксирани сини, зелени или
црвени точки.
Ве молиме земете во предвид дека ова не влијае врз
изведбата на вашиот производ. Внимавајте да не го
изгребете екранот со нокти или други тврди предмети.
• Пред да го чистите, исклучете го телевизорот од
штекерот на ѕидот. При чистење употребувајте само
мека сува крпа.
Предупредување
Сериозна повреда или ризик
од смрт
Ризик од електричен
удар
Ризик од опасен напон
Внимание
Ризик од повреда или
оштетување на имот
Важно
Соодветно ракување со
системот
Известување
Означени се дополнителни
белешки
Ознаки на производот
Следните симболи се употребени на производот
како ознака за ограничувања, мерки за претпазливост
и упатства за безбедност. Секое објаснување ќе биде
земено во предвид само таму каде што производот ја
има поврзаната ознака. Забележете ги тие информации
од безбедносни причини.
Опрема од Класа II: Овој уред е дизајниран
на таков начин што не бара безбедносно
поврзување со електрично заземјување.
Опрема од Класа II со функционално
заземјување: Овој уред е дизајниран на таков
начин што не бара безбедносно поврзување
со електрично заземјување, поврзувањето со
заземјување се употребува за функционални
цели.
Заштитно поврзување со заземјување:
Означениот терминал е наменет за
поврзување на заштитниот проводник за
заземјување поврзан со инсталацијата за
напојување.
Опасен активен терминал: Означениот(те)
терминал(и) е/се опасен(ни) активен(ни) под
нормални услови на работење.