Operating instructions
- 7 -
Ракување со далечинскиот управувач
• Притиснете го копчето Menu на вашиот далечински
управувач за да го прикажете екранот со главното
мени. Употребете го копчето Left или Right за да
изберете јазиче на мени и притиснете OK за да
влезете. Употребете Left / Right / Up / Down за да
изберете или да поставите елемент. Притиснете го
копчето Return/Back или копчето Menu за да излезете
од екранот на менито.
• Кога ќе ги поврзете надворешните системи со вашиот
телевизор, можете да преминете на други влезни
извори. Притиснете го копчето Source на вашиот
далечински управувач непрекинато за да ги изберете
различните извори.
• Можете да го смените каналот и да ја прилагодите
јачината на звук со употребување на копчињата Volume
+/- и Programme +/- на далечинскиот управувач.
Вметнување на батериите во далечинскиот
управувач
Полека кренете го капакот на задниот дел од далечинскиот
управувач. Вметнете две AAA батерии. Обезбедете дека
симболите (+) и (-) се совпаѓаат (запазете го соодветниот
поларитет). Повторно наместете го капакот.
Поврзување со извор на електрична енергија
ВАЖНО: Телевизорот е дизајниран да работи на
приклучница со наизменична струја од 220-240V, 50
Hz. По отпакувањето, дозволете му на телевизорот да
ја постигне собната температура пред да го вклучите во
штекер. Вклучете го кабелот за напојување во штекер.
Поврзување на антена/кабел
Поврзете го приклучокот за „антена“ или „кабловска
телевизија“ во приклучницата AERIAL INPUT (ANT) што
се наоѓа на задниот дел од телевизорот.
Известување
ПРИЗНАНИЕ ЗА ЗАШТИТЕН ЗНАК
Термините HDMI и High-Denition Multimedia Interface
и логото HDMI Logo се заштитни знаци или регистрирани
заштитни знаци на HDMI Licensing LLC во САД и други
држави.
Произведено под лиценца на Dolby Laboratories.
Dolby и симболот на двојно D се заштитни знаци на Dolby
Laboratories.
Исфрлање на стара опрема и батерии
Само за ЕУ и држави со системи за
рециклирање
Овие симболи на производите,
амбалажата и/или придружните документи
значат дека употребените електрични
и електронски производи и батерии не
смеат да се мешаат со општиот домашен
отпад.
За соодветна обработка, поправка
и рециклирање на стари производи
и батерии, ве молиме однесете ги на
соодветни места за собирање според
вашето национално законодавство.
Со нивно соодветно исфрлање, вие
помагате во заштедувањето на скапоцени
ресурси и спречувате потенцијални
негативни ефекти врз човечкото здравје
и животна средина.
За повеќе информации за собирањето
и рециклирањето, ве молиме
контактирајте ја вашата локална општина.
Може да има казни за несоодветно
исфрлање на овој отпад според вашето
национално законодавство.
Белешка за симболот на батеријата
(долниот симбол):
Овој симбол може да е употребен во
комбинација со хемиски симбол.
Во овој случај, тој е во склад со
условите поставени од Директивата за
употребените хемикалии.
Овластен претставник:
Panasonic Testing Centre
Panasonic Marketing Europe GmbH
Winsbergring 15, 22525 Hamburg, Germany
Веб-локација: http://www.panasonic.com