Operating instructions

Македонски - 40 -
Вклучено/исклучено
За да се вклучи ТВ
Поврзете го струјниот кабел во извор на струја
како на пример ѕиден штекер (220-240 волти
наизменична струја, 50 Херци).
За да го вклучите ТВ-уредот од режимот на
мирување сторете го следното:
Притиснете го копчето Мирување, Програма
+/- или некое нумеричко копче на далечинскиот
управувач.
Притиснете го копчето Мирување илиПрограма
+/- на ТВ-уредот.
Во тој момент, ТВ уредот ќе се вклучи.
Исклучување на телевизорот
Притиснете го копчето Мирување на далечинскиот
управувач или притиснете го копчето Мирување
на телевизорот, така што телевизорот ќе се
префрли во режим на мирување.
За да го прекинете напојувањето на телевизорот
целосно, извлечете го кабелот за напојување
од штекер.
Забелешка: Кога ТВ-уредот се префрлува во режим
за мирување, ЛЕД-сијаличката ќе трепка за да посочи
дека одликите како што се Пребарување во мирување,
Безжично преземање или Тајмер се активни. ЛЕД-
диодата може и да трепери кога го вклучувате
телевизорот од режим на мирување.
Прво инсталирање
Кога ќе го вклучите првпат, ќе се појави екранот
избор на јазик. Изберете го потребниот вид на
датотека и притиснете OK.
На следниот екран, поставете ги препочитуваните
поставки со помош на копчињата за насока.
Забелешка: Во зависност од изборот на земјата,
можеби ќе биде побарано од вас да поставите и да
потврдите ПИН-број во оваа фаза. Избраниот ПИН не
може да биде 0000. Мора да го внесете ако од вас се бара
да внесете ПИН за некоја операција од менито подоцна.
За избирање на типот емитување
Антенско: Ако е вклучена опцијата за пребарување
на антенско емитување, ТВ-уредот ќе пребарува
дигитални земјени емитувања откако ќе бидат
завршени други иницијални поставки.
Кабелско: Ако е вклучена опцијата за пребарување
кабелско емитување, ТВ-уредот ќе пребарува
дигитални кабелски емитувања откако ќе бидат
завршени други иницијални поставки. Според
вашите други претпочитани поставки, може да се
прикаже порака за потврдување пред да се почне
пребарувањето. Изберете ДА и притиснете ОК за
да продолжите. За да ја откажете операцијата,
изберете НЕ, а потоа притиснете ОК. Можете да
изберете мрежа или да поставите вредности како
што се фреквенцијата, идентитетот на мрежата
и чекорот за пребарување. Кога ќе завршите,
притиснете го копчето OK.
Забелешка: Траењето на пребарувањето се менува во
зависност од избраниот чекор на пребарување.
Аналогно: Ако е вклучена опцијата за пребарување
аналогно емитување, ТВ-уредот ќе пребарува
аналогни емитувања откако ќе бидат завршени
други иницијални поставки.
Дополнително, можете да поставите еден вид
емитување како свој омилен. Приоритет ќе има
избраниот вид емитување во текот на процесот
на пребарување и каналите ќе бидат наведени
на врвот на списокот канали. Кога ќе заврши,
притиснете ОК за да продолжи.
Можете да активирате режими за продавница
во оваа фаза. Оваа опција ќе ги конфигурира
поставките за продавница на вашиот ТВ-уред
Оваа опција е наменета само за користење за во
продавница. Се препорачува да изберете режим
за дома за користење дома. Опцијата ќе биде
достапна во менито постави>повеќе и може
подоцна да биде изгасена/вклучена подоцна.
Притиснете го копчето OK на далечинскиот
управувач за да продолжите и ќе се прикаже менито
Поставки на мрежата. Ве молиме прочитајте го
делот Поврзување за да конфигурирате безжична
или врска преку кабел. По поставувањето
на поставките, притиснете го копчето OK за
понатаму. За да го прескокнете следниот чекор
без да правите ништо, притиснете го копчето Брзо
напредување на далечинскиот управувач.
По завршувањето на иницијалните поставки,
ТВ-уредот ќе почне да ги бара активираните
емитувања за избраните видови емитување.
По зачувувањето на сите активни станици, ќе се
прикажат резултатите од скенирањето. Притиснете
ОК за да продолжите. Следен ќе биде прикажано
менито на Менување на списокот канали.
Можете да го менувате списокот канали според
вашите препочитувања или притиснете го копчето
Menu за да прекинете и да гледате телевизија.
Додека трае потрагата, може да се појави порака
која прашува дали сакате да ги распоредите
каналите според ЛКБ (*) Изберете да и притиснете
ОК за да потврдите.
(*) ЛКБ е систем на логични броеви на канали што ги
организира достапните емитувања во согласност
со препознатлива секвенца броеви на канали (ако се
достапни).
Забелешка: Не исклучувајте го телевизорот при
иницијализацијата на првичната инсталација.
Забележете дека може да не се достапни истите
опции во зависност од изборот на земјата.