Operating instructions

Македонски - 42 -
Содржина на менито за ТВ-уредот
Содржина на менито за слика
3Д поставки
Притиснете за да ги видите 3Д поставките.
Режим
Можете да го промените режимот на сликата според своите претпочитувања или барања.
Режимот на слика може да биде поставен на една од овие опции: Кино, игра, спорт, динамично
природно.
Контраст
Ги подесува светлината и темнината на екранот.
Осветленост
Ја подесува светлината на екранот.
Острина
Ја подесува острината на предметите прикажани на екранот.
Боја
Ја поставува вредноста на бојата, прилагодувајќи ги боите.
Заштеда на
енергијха
За поставување на заштедата на енергија на по мерка, минимум, средно, максимум, авто,
исклучена слика или исклучено.
Забелешка: Достапните опции може да се разликуваат во зависност од избраниот режимм.
Задно светло
Ова го контролира нивото на позадинско осветлување. Функцијата за позадинско осветлување
ќе биде неактивна ако заштедата на енергија е поставена на друга опција од По мерка.
Напредни поставки
Динамичен
контраст
Можете да го смените односот на динамичкиот контраст според вашите желби.
Намалување на
шум
Ако сигналот на емитување е слаб и сликата е со шум, искористете ја поставката за
намалување на шумот за да го намалите шумот.
Температура на
боја:
Го подесува тонот на бојата. Достапни се опциите студен, нормален, топол и по мерка.
Бела точка
Ако опцијата за тонот на бојата е поставен на по мерка, поставката е достапна. Зголемете ги
„топлината“ или „студенилото“ на сликата со левото и десното копче.
Зумирање на
сликата
Ја поставува саканата големина на сликата.
Чувство за филм
Притиснете на лево/десно за да го поставите Чувството за филм на Ниско, Средно, Високо или
Исклучено. Кога е активно чувството за филм, на тој начин се оптимизираат видео-поставките
на ТВ-уредот за подвижните слики за да се добијат подобар квалитет и читливост.
Кога опцијата
чувството за филм е поставена на Ниско, Средно или Високо, достапна е опцијата Демо.
Ако една од овие опции се избере и ако го притиснете копчето ОК, тогаш се вклучува демо-режимот.
Додека режимот демо е активен, екранот ќе биде поделен на два дела, еден, прикажувајќи ја активноста
чувство за филм, а другиот, прикажувајќи ги нормалните поставки на ТВ-екранот.
Режим на филм
Во однос на нормалните телевизиски програми, филмовите се снимаат на различен број рамки
во секунда. Вклучете ја оваа опција кога сакате јасно да ги гледате сцените од филмот со брзи
движења.
Тон на кожата
Нијансата на кожата може да се промени помеѓу -5 и 5.
Промена на боја
Го прилагодува посакуваниот тон на бојата.
Целосен опсег
на HDMI
Додека гледате од HDMI извор, оваа функција ќе биде видлива. Можете да ја користите оваа одлика
за да ги истакнете црните тонови на сликата.
Позиција на
компјутер
Се појавува само кога изворот е поставен на VGA/PC.
Автоматско
поставување на
позиција
Го оптимизира приказот автоматски. Притиснете ОК за да оптимизирате.
Позиција Х
Оваа опција ја поставува сликата во хоризонтална положба на десната или левата страна на
екранот.
Позиција В
Оваа опција ја поставува сликата во вертикална положба кон горниот или долниот дел од екранот.
Фрекфенција на
точка
Подесувањето на фрекфенцијата на точките ги поправаат пречките кога се јавуваат вертикални
ленти во интензивно точкести презентации, како табели или параграфи, или се појавува текст во
помали фонтови.
Фаза
Во зависност од изворот (компјутер и др.) можете да имате замаглена или нечиста слика на
екранот. Можете со пробувањеда ја поставите фазата и да добиете почиста слика.
Ресетирање
Ги подесува поставките на сликата на почетните поставки (освен режимот Игра).
Додека сте во VGA (PC)-режим, некои опции во менито за слика не се достапни. Наместо тоа, VGA-режимот за поставки ќе биде
додаден во поставките на сликата додека сте во режимот за компјутер.