Operating instructions

Македонски - 44 -
Содржина на менито Поставување
Условен пристап
Ги контролира модулите на условениот пристап кога се достапни.
Јазик
Можете да поставите различен јазик во зависност од емитерот и од земјата.
Родителска заштита
Внесете точна лозинка за да ги смените родителските поставки. Во ова
мени можете лесно да ги приспособувате заклучувањето на менито,
заклучувањето за возраста (може да не е активно во зависност од избраната
земја при првата инсталација) и заклучување за деца. Можете и да
поставите нов ПИН-број или да го смените стандардниот CICAM ПИН-број со
релевантните опции.
Забелешка: Стандардната вредност на ПИН-бројот може да се постави како 0000 или 1234. Ако
имате избран ПИН (се бара во зависност од изборот на земја) при првичното инсталирање
користете го ПИН-бројот што го имате избрано.
Тајмери
Поставува тајмер за спиење кој ќе го исклучи ТВ по некое време. Ги подесува
тајмерите за одбраните програми.
Датум/Време
Ги подесува времето и датумот
Извори
Ги вклучува и исклучува сите опции за извор. Има редовни, подобрени и
деактивирани опции за изворите HDMI. Редовните и подобрените опции
влијаат врз поставката на бои за избраниот извор HDMI. Поставете го
соодветно или деактивирајте го релевантниот извор HDMI поставувајќи го како
деактивиран.
Поставки на
мрежата
Ги прикажува поставките на мрежата.
Пристапност
Ги прикажува опциите за пристапност на телевизорот.
За лица со
отежнат слух
Овозможува специјални одлики испратени од емитерот.
Звучен опис
За слепите или за лицата со оштетен вид ќе биде пуштена аудио-лента со
нарација. Притиснете OK за да ги видите достапните опции на менито Опис на
аудио. Ова е достапно само ако емитерот го поддржува.
Netix
Ако опцијата ја поддржува вашиот ТВ-уред, можете да го видите вашиот број ESN(*)
и да го деактивирате Netix.
(*) ESN бројот е единствен идентификационен број на Netix, кој е посебно направен да го
идентификува вашиот ТВ.
Повеќе
Ги прикажува сите опции за подесување на телевизорот.