Operating instructions

Македонски - 49 -
Режим на пребарување и надградба во 3
часот наутро
Вашиот ТВ-уред ќе бара надградби во 3.00 часот
доколку автоматското скенирање во менито
Опции за надградба е вклучено и телевизорот е
поврзан на сигнал на антена или на интернет. Ако е
најден нов софтвер и успешно е преземен, ќе биде
инсталиран на следното вклучување.
Забелешка: Немојте да го исклучувате кабелот додека
трепка лед-диодата за време на рестартирањето.
Ако телевизорот не се вклучува после надградба,
исклучете го од струја, почекајте 2 минути и вклучете
го повторно.
Решавање на проблеми и совети
ТВ не се вклучува
Осигурете се дека кабелот е правилно вклучен во
штекерот. Проверете ги батериите дали се полни.
Притиснете го копчето Напојување на телевизорот.
Лоша слика
Дали сте го одбрале точниот ТВ-систем?
Ниско ниво на сигнал може да доведе до
искривување на сликата. Проверете го достапот
на антената.
Доколку рачно сте штелувале, проверете дали
сте ја внесле правилната фреквенција.
Квалитетот на сликата може да се влоши кога
два уреда се поврзани со телевизорот во исто
време. Во тој случај, исклучете еден од уредите.
Нема слика
Тоа значи дека Вашиот ТВ-уред не прима никаков
пренос. Проверете дали е избран вистинскиот
извор за влез.
Дали антената е правилно поврзана?
Дали е оштетен антенскиот кабел?
Дали се користат соодветни приклучоци за
поврзување на антена?
Ако се сомневате, консултирајте го вашиот
продавач.
Без звук
Проверете дали телевизорот не е замолчен.
Притиснете го Придушување или повишете го
тонот за да проверите.
Звукот доаѓа од само еден звучник. Во менито
Звук проверете ја рамнотежата на звукот.
Далечински управувач - не работи
Батериите можеби се празни. Заменете ги
батериите.
Извори на влез - не може да се избира
од нив
Можно е дека нема поврзан уред ако не може да
изберете влезен извор. Во спротивно;
Проверете ги АВ-каблите и врските ако се
обидувате да се префрлите на изворот на влезот
наменет за поврзаниот уред.