Operating instructions

Македонски - 53 -
3Д Pежим
За да гледате 3Д-содржини или програми во
3Д-режим, мора да ги носите пасивните 3Д-очила.
Имајте во предвид дека особината на овој
ТВ работи само со неговите специфични очила.
Користите активни 3Д-очила „Панасоник“ за
најдобро 3Д -искуство.
Внимание за гледање во 3Д
За ваша безбедност, внимателно прочитајте
ги безбедносните мерки пред да ја користите
функцијата 3Д.
Бремени, постари лица, лица со срцеви проблеми
или лица на кои често им се врти, како и тие на
кои лесно им се лоши, би требало да се воздржат
од гледање на 3Д.
Ве молиме да ги спречите децата помали од 5
години да гледаат 3Д. Може да им повлијае на
развојот на видот.
При гледање на 3Д-слики, набљудувајте ги
вашите деца, вклучително и тинејџери, затоа
што тие може да бидат поосетливи на ефектите
од гледање 3Д-слики. Ако почуствуваат слични
неудобности како споменатите подолу, веднаш
да престанат да гледаат 3Д.
Може да почувствувате неудобност, главоболки
или вртоглавица при гледање на слики.
Доколку почувствувате такви симптоми, треба
да ги отстраните 3Д очилата и да престанете да
гледате во 3Д режим.
Немојте да гледате 3Д долго време. Одморајте
од време на време. Во тек на гледањето, ако
почуствувате неудобност како напрегање во
очите, главоболки или нагон за повраќање,
извадете ги очилата и прекинете со гледање на
3Д. Консултирајте се со доктор ако неудобноста
продолжи.
Немојте да ги користите 3Д-очилата за други
цели. Користете го овој производ исклучиво за
гледање на 3Д-видео. Немојте да ги користите
3Д-очилата како очила за сонце или како очила
за читање.
Внимавајте на вашето опкружување кога гледате
3Д. Немојте да се движите додека ги носите
3Д-очилата бидејќи вашиот вид е променет
и може да се удрите во предмети и да се
повредите.
Некои 3Д-содржини можe да ве натераат да
направите рефлексни движења, како на пример,
клекнување или избегнување, затоа е многу
важно да не поставувате кршливи објекти во
близина на телевизорот.
Кога користите 3Д-очила, оддалеченоста меѓу
корисникот и екранот може да се процени
погрешно. Внимавајте да не го удрите ТВ-
екранот.
Некои гледачи може да се почувствуваат
дезориентирано после гледање 3Д. Затоа, после
гледање 3Д, одделете малку време за да ви се
врати сознанието за вашата ситуација пред да
се придвижите.
Предупредување за напад предизвикан од
фотосензитивност
Доколку вие или некој член од вашата фамилија
има историја на епилепсија или напади, ве
молиме да се консултирате со доктор пред
да гледате ТВ. Можно е некои гледачи
да почувствуваат напади или епилептични
напади при изложување на одредени влијанија,
вклучувајќи трепкачки светла или слики на ТВ
или во видео игри.
Понекогаш некои симптоми може да се појават
во необјаснети услови дури и да не сте имале
претходна историја. Во таков случај, ако
почувствувате некој од следниве симптоми,
веднаш престанете да гледате 3Д-телевизија и
консултирајте лекар: променет вид, визуелна или
лицева нестабилност, како на пример, треперење
на мускули, вртоглавица или замаеност, визуелна
транзиција или несвесна акција, грчеви, губење
свест, збунетост или дезориентација, губење на
чувство за правец, или гадење.
Можете да го намалите ризикот од
фотосензитирачки напади со следниве дејства:
Додека гледате 3Д ТВ, правете чести паузи.
Ако страдате од проблеми со видот (кусогледност/
далкугледност, астигматизам, различен вид на
левото и десното око), поправете го видеот пред
да ги користите 3Д-очилата.
Немојте да гледате од преблиску и обидете се
телевизорот секогаш да биде на ниво на очите.
Немојте да гледате 3Д TВ ако сте изморени или
болни. Избегнувајте гледање 3Д долго време.
Ракување на 3Д режим
Притиснете го копчето MENU на далечинскиот
управувач и изберете ја иконата Слика. Притиснете
на копчето ОК за да го видите менито Слика.
Користете ги копчињата долу или горе за да
изберете 3Д-поставки и притиснете ОК за да
гледате.
Забелешки:
Треба да го одберете соодветниот 3Д-режим
пред да почнете да гледате. Ако не е избран
соодветен режим, 3Д-сликата нема да се прикаже
правилно.
сликата може да не се гледа или да биде
искривена при гледање во услови на силна
светлина.