Operating instructions

Македонски - 56 -
Поврзување
Поврзување со жица
Поврзување со мрежа со жица
Мора да поврзете модем/рутер со активна
широкопојасна врска.
Проверете дали софверот Nero Media Home е
инсталиран на вашиот компјутер (за функцијата
аудио-видео споделување). Видете го делот
Инсталирање на Nero Media Home“.
Поврзете го вашиот персонален компјутер
за вашиот модем/рутер. Ова може да биде
поврзување со жица или безжично.
Поврзете го вашиот ТВ-уред со модемот/рутерот
преку кабел етернет. Има LAN-порта на задниот
дел (одзади) на вашиот ТВ-уред.
Широкопојасна ИСП-врска
ЛАН-(етернет) кабел
ЛАН-влез на страната
на ТВ-уредот
За да пристапите и да репродуцирате споделени
датотеки, морате да го изберете прелистувачот
на медиуми. Притиснете го копчето Menu и
изберете софтвер за медиуми. Притиснете ОК
за да продолжите. Изберете го потребниот вид
датотека и притиснете ОК. Секогаш мора да го
користите екранот на софтверот за медиуми
за да пристапите до и за да репродуцирате
споделени мрежни датотеки.
Персоналниот компјутер/HDD/софтверот за
медиуми или кои било други уреди што се
компатибилни, треба да се користат со жичена
врска за поголем квалитет на репродуцирање.
За да ги конфигурирате жичаните поставки,
видете го делот „Поставки за мрежа“ во менито
Поставки.
Можеби ќе можете да го поврзете вашиот ТВ-уред
со вашиот LAN во зависност од конфигурацијата
на вашата мрежа. Во тој случај, користете кабел
етернет за да го поврзете вашиот ТВ-уред
директно во ѕидниот излез за мрежа.
ЛАН-влез на страната
на ТВ-уредот
мрежа ѕиден
штекер
Конфигурирање поставки на жичениот
уред
Вид мрежа
За Вид мрежа можете да избирате жичен уред,
безжичен уред или деактивирано, во зависност
од активната врска со ТВ-уредот. Изберете ја
опцијата жичен уред ако се поврзувате преку
етернет.
Тест за брзината на интернетот
Обележете Тест за брзината на интернетот и
притиснете го копчето ОК. ТВ-уредот ќе ја провери
шњирокопојасноста на интернет врската и ќе ги
прикаже резултатите кога ќе заврши.
Напредни поставки
Обележете Напредни поставки и притиснете го копчето
ОК.
На следниот екран можете да ги смените
поставките ИП и ДНС на ТВ-уредот. Обележете
ја посакуваната и притиснете го копчето „лево“
или „десно“ за да ја смените поставката од
автоматски во мануелно. Сега можете да ги
внесете вредностите рачен ИП и/или рачен ДНС.
Изберете го соодветниот елемент од паѓачкото
мени и внесете нови вредности со нумеричките
копчиња на далечинскиот управувач. Притиснете
го копчето ОК и зачувајте ги поставките кога ќе
завршите.
Безжично поврзување
Поврзување со безжична мрежа
ТВ-уредот не може да се поврзе на мрежите со
скриен SSID. За да стане видлив ССИД на вашиот
модем, треба да ги смените поставките за ССИД
преку софтверот на модемот.
За да се поврзете со безжичен LAN, треба да
ги направите следниве чекори:
1. Проверете дали софверот Nero Media
Home е инсталиран на вашиот компјутер (за
функцијата аудио-видео споделување).
2. За да ги конфигурирате безжичните
поставки, ве молиме, видете го делот
Мрежни поставки во менито за
подесување.