Operating instructions

Македонски - 58 -
серверот на добавувачот на апликации за вашиот
мобилен уред.
Забелешка: Постои можност оваа опција да не е
поддржана на сите мобилни уреди.
Решавање проблеми со поврзувањето
Не е достапна безжична мрежа
Обезбедете сите заштитни ѕидови на вашата
мрежа да дозволуваат безжично поврзување
на ТВ-уредот.
Обидете се да пребарувате безжични мрежи
повторно со помош на екранот на менито
Мрежни поставки.
Ако не функционира правилно безжичната мрежа,
обидете се да ја користите мрежата преку кабел во
вашиот дом. Види го делот Врска преку кабел
за повеќе информации за процесот.
Ако ТВ-уредот не работи со врска што не е
безжична, проверете го модемот (рутерот). Ако
нема проблем со рутерот, проверете ја интернет
врската на вашиот модем.
Врската е бавна
Видете ја книгата со упатства на вашиот безжичен
модем и добијте информации за внатрешниот
услужен регион, брзината на врската, квалитетот
на сигналот и другите поставки. Треба да имате
врска со голема брзина за вашиот модем.
Прекини за време на репродуцирањето
или бавни реакции
Во тој случај, можете да пробате едно од следниве
нешта:
држете се на растојание од најмалку три метри
од микробранови печки, мобилни телефони,
уреди bluetooth или какви било други уреди
компатибилни со безжична интернет мрежа.
Обидете се да го смените активниот канал на
WLAN рутерот.
Не е достапна интернет врска / не
функционира аудио-видео споделување
Ако MAC адресата (единствен број за
идентификација) на вашиот персонален компјутер
или модем е трајно регистриран, можно е ваѓиот
ТВ-уред да не е поврзан на интернет. Во таков
случај, МАС адресата се проверува секојпат
кога сте поврзани на интернет. Ова е превентива
против неовластен пристап. Бидејќи вашиот
телевизор има своја МАС адреса, вашиот давател
на интернет услуги не може да ја провери МАС
адресата на вашиот ТВ-уред. Од оваа причина,
вашиот ТВ-уред не може да се поврзе на интернет.
Контактирајте го вашиот давател на интернет
услуги и барајте информации за тоа како да
поврзете друг уред, како на пример вашиот ТВ-
уред, на интернет.
Исто така, можно е оваа врска да не е достапна
поради проблем со заштитната бариера. Ако
мислите дека ова е причината за вашиот проблем,
контактирајте го вашиот давател на интернет
услуги. Заштитната бариера може да е причина
за проблемот со воспоставувањето и откривањето
на врската, додека се користи ТВ-уредот во
режим аудио-видео споделување или додека
се прелистува преку функцијата за аудио-видео
споделување.
Неважечки домен
Проверете дали веќе сте поврзани на вашиот
персонален компјутер со авторизирано корисничко
име/лозинка и проверете дали вашиот домен
е активен пред да споделувате датотеки во
програмата на вашиот медиумски сервер на
вашиот персонален компјутер. Ако доменот е
невалиден, може да предизвика проблеми при
прелистувањето на датотеките во режимот за
аудио-видео споделување.
Користење на мрежната услугата аудио-
видео споделување
Функцијата аудио-видео споделување користи
стандард што го олеснува процесот на гледање на
дигиталните електронски уреди и ги прави полесни
за користење на домашна мрежа.
Стандардот ви овозможува да прегледувате и
да репродуцирате фотографии, музика и видео-
снимки зачувани на серверот за медиуми поврзан
со вашата домашна мрежа.
1. Инсталирање Nero Media Home
Функцијата за аудио-видео споделување не може
да се користи ако не е инсталирана програмата
на серверот на вашиот персонален компјутер.
Ве молиме, подгответе го вашиот персонален
компјутер со дадената програма Nero Media Home.
За повеќе информации за инсталирањето, ве
молиме видете го делот Инсталирање на Nero
Media Home“.
2. Поврзете се со жичена или со
безжична мрежа
Погледнете ги поглавјатаЖичено или безжично
поврзување за детални информации за
конфигурацијата.
3. Репродуцирајте споделени датотеки
преку софтверот за медиуми
Изберете Софтвер за медиуми со користење на
копчињата лево или десно од главното мени и
притиснете OK. Потоа ќе се прикаже медиумскуот
прелистувач.
Аудио-видео споделување
Поддршка за аудио-видео споделување има само
во режимот на папка на софтверот за медиуми.
За да овозможите режим на папка, одете на