User manual
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Преглед на почетен екран
- 2 Поддршка
- 3 Брз водич
- 4 Поставување
- 5 Приклучоци
- 6 Менување на извор
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Freeview Play (за модели во Обединетото Кралство)
- 10 Видео записи, фотографии и музика
- 11 Отворање на менијата со ТВ поставки
- 12 Smart TV и апликации
- 13 Netflix
- 14 Amazon Prime Video
- 15 YouTube
- 16 Alexa
- 17 Google Assistant
- 18 Софтвер
- 19 За животната средина
- 20 Спецификации
- 21 Отстранување на проблеми
- 22 Безбедност и грижа
- 23 Услови на користење
- 24 Авторски права
- 25 Отворен изворен код
- 26 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
HDMI ARC
Само HDMI 1 приклучокот на телевизорот има HDMI
ARC (повратен аудио канал).
Ако уредот, обично систем за домашно кино (HTS), исто
така има HDMI ARC приклучок, поврзете го на кој било
HDMI приклучок на овој телевизор. Со HDMI ARC
приклучокот, нема потреба да поврзувате дополнителен
аудио кабел кој го испраќа звукот од ТВ сликата кон HTS
уредот. HDMI ARC приклучокот ги комбинира двата
сигнали.
Дигитален аудио излез - Оптички
Оптички аудио излез е висококвалитетен приклучок за
звук.
Овој оптички приклучок може да поддржува 5,1 аудио
канали. Ако вашиот уред, обично систем за домашно кино
(HTS), нема HDMI ARC приклучок, можете да го користите
овој приклучок со приклучокот за Оптичкиот аудио влез на
HTS уредот. Приклучокот за Оптички аудио излез го
испраќа звукот од телевизорот на HTS уредот.
Слушалки
Можете да поврзете слушалки на приклучокот на
страничниот дел од телевизорот. Приклучокот е мини
приклучок од 3,5 mm. Можете да ја прилагодите јачината
на звукот на слушалките одделно.
5.6. Мобилен уред
Пресликување на екранот
Повеќе за функцијата Пресликување на екранот
Можете да гледате фотографии или да репродуцирате
музика и видеозаписи од мобилен уред на вашиот
телевизор со Пресликување на екранот. Мобилниот уред и
телевизорот треба да се во рамките на истиот опсег, што
обично значи дека треба да се во истата просторија.
Користење на Пресликување на екранот
Вклучете Пресликување на екранот
Притиснете
SOURCES > Пресликување на екранот
Споделување на екран на телевизор
1 - Активирајте Пресликување на екранот на вашиот
мобилен уред.
2 - На мобилниот уред, изберете го телевизорот. (Овој
телевизор ќе биде прикажан според името на ТВ моделот)
3 - Изберете го името на телевизорот на вашиот мобилен
уред и откако ќе извршите поврзување, ќе можете да
уживате во користењето на Пресликување на екранот.
Запирање со споделување
Можете да запрете со споделување на екранот од
телевизорот или од мобилниот уред.
Од уредот
13