User manual

Table Of Contents
да додава Канали за проследување во вашиот ТВ-водич
бесплатно. Овие канали може да ги добиете со
кликнување на едно копче во секое време.
Гледајте Канали за проследување
Вашиот телевизор мора да биде поврзан на домашна
мрежа со интернет-врска. Ќе треба да ги прифатите
Условите за користење и Политиката за приватност на
Каналите за проследување.
За да инсталирате и гледате Канали за проследување:
1 - Притиснете го копчето SOURCES на далечинскиот
управувач за да го отворите менито Извори.
2 - Изберете Проследување за да се префрлите на изворот
за Канали за проследување.
3 - Следете ги упатствата на екранот за да ги прифатите
Условите на користење и Политиката за приватност.
4 - Телевизорот ќе ги инсталира Каналите за проследување
што се достапни во вашиот регион, почекајте да заврши
инсталирањето.
5 - Сега може да гледате Канали за проследување на
вашиот телевизор.
Каналите за проследување вклучуваат Листа на канали,
Информации за канали/програми, ТВ-водич, Заклучување
на канали/програми и Опции за канали, исто како и
антенските, кабелските и сателитските канали.
Сменете ги поставките за приватност на рекламирањето
Бесплатните Канали за проследување се поддржани од
реклами. Можете да ги промените поставките за
приватност на рекламирањето за да овозможите или
оневозможите релевантно рекламирање.
За да ги видите Условите на користење на Каналите за
проследување, одете во (Почеток) > Поставки > Општи
поставки > Поставки за приватност и изберете ги
поставките подолу.
Центар за претпочитани поставки за приватност:
прегледајте ги и поставете ги поставките за приватност по
ваша желба.
ID-број за рекламирање: погледнете го тековниот ID-број
за рекламирање што го идентификува вашиот телевизор за
да ви овозможи реклами кои се релевантни за вас.
Притиснете OK за да го ресетирате ID-бројот за
рекламирање на нов случаен број.
Ограничено следење на реклами: кога е овозможено
ограниченото следење на реклами, рекламирањето може
да биде помалку релевантно за вас. Ова нема да влијае
врз бројот на прикажани реклами. Притиснете OK за да го
овозможите или оневозможите ограниченото следење на
реклами.
27