User manual

Table Of Contents
Стил на слика
Избор на стил
За лесно прилагодување на сликата, можете да изберете
однапред поставен стил на слика.
(Почеток) > Поставки > Слика > Стил на слика,
притиснете OK за да извршите промена во наредната
достапна опција.
Достапни се следните стилови на слика:
Лично - Поставки на сликата кои ги поставувате при
првото вклучување.
Кристално чисто - Идеално за гледање при дневна
светлина.
Домашно кино - Идеално за најдобро доживување на
домашната забава со филмови.
ECO - Поставка со најголема заштеда на енергија
Филмови - Идеално за гледање филмови со оригинален
студиски ефект.
Игра* - Идеално за играње игри.
Монитор** - Идеално за прикажување компјутерски
апликации. Оригиналното видео се прикажува со
минимална обработка.
* Стил на слика - Играта е достапна само во апликацијата
HDMI видео и апликации за видео што се проследува.
** Стил на слика - Мониторот е достапен само кога
видеото со извор на HDMI е применливо за апликација за
компјутер.
Вратете го стилот на сликата
За да го вратите стилот на оригиналното поставување,
одете во (Почеток) > Поставки > Слика > Стил на слика,
а потоа изберете Вратете го стилот на сликата или
притиснете Врати стил.
Поставки за контраст
Осветленост
Оптимизација на нивото на амбиентална светлина
(Почеток) > Поставки > Слика > Контраст > Осветленост
> Оптимизација на нивото на амбиентална светлина.
Вклучете за автоматско намалување на заморот на очите
при различно амбиентално осветлување.
Контраст на задно осветлување
(Почеток) > Поставки > Слика > Контраст > Осветленост
> Контраст на задно осветлување.
Прилагодете ја вредноста за контрастот на сликата.
Можете да ја намалите вредноста на контрастот за да ја
намалите потрошувачката на енергија.
Режим на контраст
(Почеток) > Поставки > Слика > Контраст > Осветленост
> Режим на контраст.
Изберете Нормално, Оптимизирано за
слика, Оптимизирано за заштеда на енергија за да го
поставите телевизорот автоматски да го намалува
контрастот, заради најдобра потрошувачка на енергија или
најдобро доживување на сликата или, пак,
изберете Исклучено за да го исклучите прилагодувањето.
Ниво на видео
(Почеток) > Поставки > Слика > Контраст > Осветленост
> Ниво на видео.
Прилагодете го нивото на контраст на видео.
Темни детали
Гама
(Почеток) > Поставки > Слика > Контраст > Темни
детали > Гама.
За поставување на нелинеарна поставка за осветленост и
контраст на сликата.
Забелешка: Не е достапно кај одредени модели кога
опцијата Оптимизација на амбиенталните темни детали
или Оптимизација на темните детали е поставена на
Вклучено.
Ниво на црната боја
(Почеток) > Поставки > Слика > Контраст > Темни
детали > Ниво на црната боја.
За поставување на нивото на црната боја на сликата.
Забелешка: Поставувањето на нивото на црната боја
подалеку од референтната вредност (50) може да доведе
до помал контраст (темните детали исчезнуваат или
црната слика станува сива).
Засилување на контраст
Ниво на динамичко подобрување
(Почеток) > Поставки > Слика > Контраст
> Подобрување на контрастот > Ниво на динамичко
подобрување.
Изберете Исклучено, Максимум, Средно,
или Минимум за да го поставите нивото на кое
телевизорот автоматски ги подобрува деталите во
34