User manual

Table Of Contents
Поставки за екранот
Формат на слика
(Почеток) > Поставки > Екран > Формат на слика
Ако сликата не го исполнува целиот екран, ако се
појавуваат црни ленти во горниот и долниот дел или од
двете страни, можете да ја прилагодите сликата да го
исполнува целосно екранот.
За да изберете едно од основните поставки за
исполнување на екранот…
Широк екран – автоматско зумирање на сликата во
широк екран во формат 16:9. Соодносот на содржината на
сликата може да се промени.
Исполни екран – автоматско зголемување на сликата за
да го исполни екранот. Изобличувањето на сликата е
минимално, а преводот останува да се гледа. Не одговара
на PC влез. На некои екстремни формати на слика сѐ уште
може да се јават црни ленти. Соодносот на содржината на
сликата може да се промени.
Прилагоди на екран – автоматско зумирање на сликата
за да го исполни екранот без изобличување. Можно е да
се видливи црни ленти. Нема поддршка за PC влез.
Оригинално – автоматско зумирање на сликата за
прилагодување на екранот со оригиналниот сооднос на
слика. Загубената содржина не е видлива.
(Почеток) > Поставки > Екран > Формат на
слика > Напредно
За да ја форматирате сликата рачно…
Поместување – изберете ги стрелките за да ја поместите
сликата. Можете да ја поместите сликата само кога е
зумирана.
Зумирање – изберете ги стрелките за да зумирате.
Рашири – изберете ги стрелките за да ја раширите
сликата вертикално или хоризонтално.
Поништи – изберете за да се вратите на форматот на
сликата со кој започнавте.
Некои поставки за Формат на слика може да не бидат
достапни во одредени услови. На пример, за
проследување видео, апликации за Android, режим за игри
итн.
Поставки за звук
Стил на звук
Избор на стил
За лесно прилагодување на звукот, можете да изберете
однапред поставен стил на звук.
(Почеток) > Поставки > Звук > Стил на звук
Достапни се следните стилови на звук:
AI-режим - Изберете AI-режим за интелигентно
менување на стилот на звукот врз основа на
аудиосодржините.
Оригинално - Најнеутрални поставки на звук
Филмови - Идеално за гледање филмови
Музика - Идеално за слушање музика
Игра - Идеално за играње
Дијалог - Идеално за говор
Лично - Изберете за да ги прилагодите претпочитаните
поставки за звук
Враќање на личните поставки
1 - Поставете го стилот на звук во Личен.
2 - Притиснете го копчето во боја Врати стил и
притиснете OK. Стилот ќе биде вратен.
Поставки за личен звук
Clear dialogue
(Почеток) > Поставки > Звук > Лични поставки > Clear
dialogue
Изберете Вклучено за да го подобрите звукот за говор.
Идеално за програми со вести.
Еквилајзер врз основа на AI
(Почеток) > Поставки > Звук > Лични
поставки > Еквилајзер врз основа на AI
Изберете Вклучено за да овозможите интелигентно
прилагодување на еквилајзерот врз основа на
аудиосодржините и прилагодените поставки.
Прилагоден еквилајзер врз основа на AI
(Почеток) > Поставки > Звук > Лични
поставки > Прилагоден еквилајзер врз основа на AI
Притиснете ги копчињата со стрелки / за навигација за да
ги прилагодите поставките за еквилајзерот.
* Забелешка: За да ги вратите Личните поставки на
оригиналната поставка, вратете се назад на Стил на звук, а
потоа притиснете Врати стил.
Положба на телевизорот
(Почеток) > Поставки > Звук > Положба на телевизорот
Изберете На ТВ држач или На ѕид за да добиете најдобра
репродукција на звукот во согласност со поставувањето.
EasyLink 2.0
Контролирајте ги поставките за звук на звучниот HDMI-
систем преку EasyLink 2.0
(Почеток) > Поставки > Звук > EasyLink 2.0.
36