User manual

Table Of Contents
Остварете поврзување
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Поврзување на
мрежа > Жично
1 - Поврзете го рутерот на телевизорот со мрежен кабел
(Етернет кабел**).
2 - Проверете дали е вклучен рутерот.
3 - Телевизорот постојано пребарува мрежно поврзување.
4 - Кога поврзувањето ќе биде успешно, ќе биде
прикажана порака.
Ако поврзувањето е неуспешно, можете да ги проверите
поставките за DHCP на рутерот. DHCP треба да е вклучено.
**За да ги исполните EMC прописите,
користете заштитен FTP Cat. 5E етернет кабел.
Поставки за безжичен пренос и мрежа
Преглед на мрежни поставки
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Преглед на мрежни поставки
Овде можете да ги погледнете сите тековни мрежни
поставки. IP и MAC адресите, јачината на сигналот,
брзината, методот на шифрирање, итн.
Конфигурација на мрежа - статичка IP адреса
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Конфигурација на
мрежа > Статичка IP-адреса
Ако сте напреден корисник и сакате да ја инсталирате
вашата мрежа со статичко IP адресирање, поставете го
телевизорот на Статичка IP адреса.
Конфигурација на мрежа - Конфигурација на статичка IP
адреса
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Конфигурирање на статичка
IP-адреса
1 - Изберете Конфигурирање на статичка IP адреса и
конфигурирајте ја врската.
2 - Можете да поставите број за IP адреса, Маска на
мрежа, Gateway, DNS 1, или DNS 2.
Вклучување со Wi-Fi (WoWLAN)
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Вклучување со Wi-Fi
(WoWLAN)
Можете да го вклучите овој телевизор од вашиот
smartphone уред или таблет уред ако телевизорот е во
режим на подготвеност. Поставувањето Вклучување со Wi-
Fi (WoWLAN) мора да биде вклучено.
Рендерирање на дигитални медиумски содржини - DMR
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Рендерирање на дигитални
медиумски содржини - DMR
Ако вашите медиумски датотеки не се репродуцираат на
телевизорот, проверете дали Рендерирањето на
дигитални медиумски содржини е вклучено. DMR е
вклучено како фабричко поставување.
Вклучување на Wi-Fi поврзување
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Wi-Fi вклучено/исклучено
Можете да го вклучите или исклучите Wi-Fi поврзувањето
на вашиот телевизор.
Ресетирај ја врската за Пресликување на екранот
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Ресетирај ја врската за
Пресликување на екранот
Избриши ја листата на поврзани и блокирани уреди кои се
користат со Пресликување на екранот.
Име на ТВ-мрежата
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Име на ТВ мрежата
Ако имате повеќе од еден телевизор во вашата домашна
мрежа, можете да му дадете посебно име на телевизорот.
Услови на користење
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Услови на
користење
Можете да ги погледнете содржините на Условите за
користење кои се прикажуваат кога првпат ќе го поврзете
вашиот телевизор на интернет.
42