User manual
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Преглед на почетен екран
- 2 Поддршка
- 3 Брз водич
- 4 Поставување
- 5 Приклучоци
- 6 Менување на извор
- 7 Канали
- 8 ТВ водич
- 9 Freeview Play (за модели во Обединетото Кралство)
- 10 Видео записи, фотографии и музика
- 11 Отворање на менијата со ТВ поставки
- 12 Smart TV и апликации
- 13 Netflix
- 14 Amazon Prime Video
- 15 YouTube
- 16 Alexa
- 17 Google Assistant
- 18 Софтвер
- 19 За животната средина
- 20 Спецификации
- 21 Отстранување на проблеми
- 22 Безбедност и грижа
- 23 Услови на користење
- 24 Авторски права
- 25 Отворен изворен код
- 26 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
Поставки за приватност
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Поставки за
приватност
Можете да ги погледнете содржините на Поставките за
приватност кои се прикажуваат кога првпат ќе го поврзете
вашиот телевизор на интернет.
Поставки за Netflix
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Поставки за Netflix
Со функцијата Поставки за Netflix, можете да го
погледнете ESN-бројот или да деактивирате Netflix на
уредот.
Празнење на интернет меморијата
(Почеток) > Поставки > Безжичен пренос и
мрежи > Жично или Wi-Fi > Испразни интернет меморија
Со опцијата Испразни интернет меморија можете да ја
избришете вашата регистрација на серверот на Philips и
поставките за родителска категоризација, вашите
најавувања на апликациите од видео продавницата,
омилените содржини од Галеријата на апликации на
Philips, интернет обележувачите и историјата.
Интерактивните MHEG апликации исто така можат за
зачувуваат тн. 'колачиња' на вашиот телевизор. Овие
датотеки исто така ќе бидат избришани.
Општи поставки
Поставки поврзани со приклучоците
Поставки на USB тастатура
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Поставки на
USB тастатура
За да ја инсталирате USB тастатурата, вклучете го
телевизорот и поврзете ја USB тастатурата на еден
од USB приклучоците на телевизорот. Кога телевизорот за
првпат ќе ја детектира тастатурата, можете да го изберете
распоредот на вашата тастатура и да го тестирате вашиот
избор.
Поставки за глувче
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Поставки за
глувче
Прилагодете ја брзината на движењето на USB глувчето.
Напојување и енергија
Поставете го Однесувањето при вклучување
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Напојување и
енергија > Однесување при вклучување
Поставете телевизорот да остане на екранот Почеток или
на Последниот извор при вклучување на телевизорот.
Поставување на исклучување на екранот за заштеда на
потрошувачката на енергијата
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Напојување и
енергија > Исклучување на екран
Изберете Исклучување на екран, екранот на телевизорот
ќе се исклучи, за повторно да го вклучите екранот на
телевизорот, притиснете го кое било копче (освен
копчињата , јачина на звук + или - , копчето 123
и навигација) на далечинскиот управувач.
Поставете го телевизорот автоматски да се префрлува во
режим на подготвеност по однапред поставено време
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Напојување и
енергија > Тајмер за мирување
Поставете го телевизорот автоматски да се префрлува во
режим на подготвеност по однапред поставено време.
Можете да го поставите времето до 180 минути во чекори
од 10 или 30 минути. Ако е избрана опцијата Исклучено,
тајмерот за мирување е исклучен. Во секое време можете
да го исклучите вашиот телевизор порано или да го
ресетирате времето при одбројувањето.
Поставете тајмер за исклучување на телевизорот
(Почеток) > Поставки > Општи поставки > Напојување и
енергија > Тајмер за исклучување
Поставете тајмер за исклучување на телевизорот и
телевизорот ќе се исклучи автоматски за да заштеди
енергија. Ако ја изберете вредноста Исклучено,
автоматското исклучување ќе се деактивира.
• Телевизорот се исклучува ако добива ТВ сигнал, но вие
не притискате на ниедно копче од далечинскиот управувач
во период од 4 часа.
• Телевизорот се исклучува ако не добива ТВ сигнал ниту
пак наредба од далечинскиот управувач во период од 10
минути.
• Ако го користите телевизорот како монитор или
користите дигитален приемник за да гледате телевизија
(Дигитален приемник - STB) и не го користите
далечинскиот управувач од телевизорот, деактивирајте го
ова автоматско исклучување со избирање на вредноста
Исклучено.
Поставете тајмер за автоматско исклучување кога
43