User manual

Table Of Contents
Автоматска исправка на часовникот
(Почеток) > Поставки > Регион и
јазик > Часовник > Режим на автоматски часовник
• Стандардното поставување за ТВ часовникот
е Автоматски. Информациите за времето доаѓаат од
емитуваните информации од UTC - координирано
универзално време.
• Доколку часовникот не е точен, можете да го поставите
ТВ часовникот на Во зависност од земјата.
• Кога ќе изберете Во зависност од земјата, можете да го
поставите времето за Автоматски, Стандардно време или
за Време на заштеда при дневна светлина.
Рачна исправка на часовникот
(Почеток) > Поставки > Регион и
јазик > Часовник > Режим на автоматски
часовник > Рачно
(Почеток) > Поставки > Регион и
јазик > Часовник > Датум, Време
Одете на претходното мени и изберете ги
опциите Датум и Време за да ја прилагодите вредноста.
Забелешка:
• Доколку ниедно од автоматските поставки не го
прикажува времето точно, можете да го поставите
времето рачно.
• Поставката за Режим на автоматски часовник ќе се врати
на Автоматски откако напојувањето на телевизорот ќе се
исклучи и повторно ќе се вклучи.
Поставување на временска зона или на компензирање на
времето за вашиот регион
(Почеток) > Поставки > Регион и
јазик > Часовник > Временска зона
Изберете една од временските зони.
11.3. Еко поставки
Поставки за Заштеда на енергија
MENU > Еко-поставки > Заштеда на енергија
Притиснете го копчето MENU на далечинскиот управувач
за да го најдете Брзото мени и изберете Еко-поставки за
да ги поставите опциите. Изберете и потврдете за да ги
примените Еко-поставките на телевизорот. Ова може да
ресетира одредени поставки за сликата на оригиналните
поставки и може малку да ја намали осветленоста на
Ambilight*. Имајте предвид дека оваа поставка може да
влијае на вашето доживување при користењето на
телевизорот. Иконата со зелен лист ќе се додаде кога
ќе се применат Еко-поставките.
* Поставувањето Ambilight е наменето само за моделите
кои ја поддржуваат функцијата Ambilight.
Поставување на исклучување на екранот за заштеда на
потрошувачката на енергијата
MENU > Еко-поставки > Исклучување на екран
Изберете Исклучување на екран, екранот на телевизорот
ќе се исклучи, за повторно да го вклучите екранот на
телевизорот, притиснете кое било копче (освен копчињата
*, Јачината на звукот + или - и навигација) на
далечинскиот управувач.
Поставете тајмер за исклучување на телевизорот
MENU > Еко-поставки > Тајмер за исклучување
Поставете тајмер за исклучување на телевизорот и
телевизорот ќе се исклучи автоматски за да заштеди
енергија. Ако ја изберете вредноста Исклучено,
автоматското исклучување ќе се деактивира.
• Телевизорот се исклучува ако добива ТВ сигнал, но вие
не притискате на ниедно копче од далечинскиот управувач
во период од 4 часа.
• Телевизорот се исклучува ако не добива ТВ сигнал ниту
пак наредба од далечинскиот управувач во период од 10
минути.
• Ако го користите телевизорот како монитор или
користите дигитален приемник за да гледате телевизија
(Дигитален приемник - STB) и не го користите
далечинскиот управувач од телевизорот, деактивирајте го
ова автоматско исклучување со избирање на вредноста
Исклучено.
Поставете тајмер за автоматско исклучување кога
телевизорот нема сигнал
MENU > Еко-поставки > Тајмер кога нема сигнал
Телевизорот ќе се исклучи автоматски ако не е достапен
сигнал по 10/15/20 минути.
47