User Guide

Table Of Contents
Движење
Стилови на придвижување
Поставки > Екран и звук > Слика > Придвижување
> Стилови на придвижување.
Стиловите на придвижување овозможуваат оптимизирани
режими за поставување на движењето за различни видео
содржини.
Изберете еден од стиловите на придвижување за да имате
различно искуство при гледањето на движењата во видео
записите. (Исклучено, Вистинско кино, Филмови,
Стандардно, Рамномерно, Лично)
Не е достапно за долунаведените случаи:
Поставки > Екран и звук > Слика > Стил на слика >
Монитор
Поставки > Екран и звук > Слика > Стил на слика
> Игра
Рамномерност
Поставки > Екран и звук > Слика > Движење >
Рамномерност.
За да го направите движењето на сликата рамномерно со
тоа што ќе го минимизирате треперењето.
Изберете од 0 до 10 за да поставите различни степени за
намалување на треперењето при движењата што може да
се забележи кај филмовите на телевизорот. Изберете 0
кога се појавува шум при репродукција на филмови на
екранот.
Забелешка: Достапно само кога опцијата Стилови на
придвижување е поставена на Лично.
Брзо поставување на слика
При првото инсталирање, извршивте одредени поставки
за сликата во неколку лесни чекори. Можете да ги
повторите овие чекори со Брзо поставување на слика.
За да ја поставите сликата во неколку лесни чекори:
1 - Изберете Поставки > Екран и звук > Слика.
2 - Изберете Брзо поставување на слика и притиснете OK.
3 - Користете ги копчињата за навигација за да ги изберете
претпочитаните поставки за извор, контраст, боја, острина
и движење.
4 - Изберете Заврши или притиснете (налево) повеќе
пати, доколку е потребно, за да го затворите менито.
13.2
Екран
Формат на слика
Ако сликата не го исполнува целиот екран, ако се
појавуваат црни ленти во горниот и долниот дел или од
двете страни, можете да ја прилагодите сликата да го
исполнува целосно екранот.
За да изберете едно од основните поставки за
исполнување на екранот:
1 - Притиснете Поставки > Екран и звук > Екран >
Формат на слика > Исполни екран, Прилагоди на
екран, Широк екран и Оригинално, и притиснете OK.
2 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Исполни екран - автоматско зголемување на сликата за
да го исполни екранот. Изобличувањето на сликата е
минимално, а преводот останува да се гледа. Не одговара
на PC влез. На некои екстремни содржини сѐ уште може да
се јават црни ленти. Соодносот на содржината на сликата
може да се промени.
Прилагоди на екран - автоматско зумирање на сликата
за да го исполни екранот без изобличување. Можно е да
се видливи црни ленти. Не одговара на PC влез.
Широк екран – автоматско зумирање на сликата во
формат 16:9 на цел екран. Соодносот на содржината на
сликата може да се промени.
Оригинално – автоматско зумирање на сликата за
прилагодување на екранот со оригиналниот сооднос на
слика. Загубената содржина не е видлива.
За да ја форматирате сликата рачно:
1 - Притиснете Поставки > Екран и звук > Екран >
Формат на слика > Напредно и притиснете OK.
2 - Користете Поместување, Зумирање и Рашири за да ја
прилагодите сликата.
3 - Или пак, изберете Поништи за да се вратите на
поставувањето на сликата кое го имавте кога ја отворивте
опцијата Формат на слика.
Поместување - Изберете ги стрелките за да ја поместите
сликата. Можете да ја поместите сликата само кога е
зумирана.
Зумирање - Изберете ги стрелките за да зумирате.
Рашири - Изберете ги стрелките за да ја раширите
сликата вертикално или хоризонтално.
Поништи - Изберете за да се вратите на форматот на
сликата со кој започнавте.
Некои поставки за Формат на слика може да не бидат
достапни во одредени услови. На пример, за
проследување видео, апликации за Android, режим за игри
итн.
44