User Guide

Table Of Contents
на будењето.
- Вклучи звук: поставување јачина на звук на музиката при
будењето.
- Време: поставки за локалната временска прогноза.
- Преглед: можете да го прегледате ефектот на будење.
Кога телевизорот е во режим на подготвеност и дојде
времето на алармот, тој ќе се разбуди од режимот на
подготвеност. Постепено појавување на екранот за
будење, опцијата Ambilight е вклучена, постепено
појавување на музиката, а потоа и прикажување на
информациите за временската прогноза со соодветна
заднина.
За да излезете од алармот за изгрејсонце, притиснете го
копчето Режим на
подготвеност / Вклучување, Назад или HOME на
далечинскиот управувач.
- Режим на подготвеност / Вклучување: излегувате од
апликацијата Изгрејсонце и го префрлувате телевизорот во
режим на подготвеност.
- Back: излегувате од апликацијата Изгрејсонце и
префрлувате на последно гледаниот ТВ-извор.
- HOME: излегувате од апликацијата Изгрејсонце и
префрлувате на активаторот.
- Ако алармот за изгрејсонце не се исклучи и не се стартува
друга апликација по 30 минути од будењето со
апликацијата Изгрејсонце, телевизорот автоматски ќе се
префрли во режим на подготвеност.
Забелешка:
Одржувајте го мрежното поврзување за да функционира
правилно алармот Sunrise. Алармот за изгрејсонце не
може да функционира кога режимот на ТВ часовникот е
поставен на рачно. Одете во менито со поставки и
променете го режимот на часовникот во автоматски.
Алармот нема да функционира доколку локацијата е
поставена на Продавница.
Aurora
Aurora е апликација што го подобрува амбиентот на
просторот за живеење со телевизорот преку изложбени
експонати и разнобоен Ambilight. Aurora користи слики,
анимации, аудио и Philips Ambilight за да ја збогати
дневната соба за да одговара на вашиот нов животен стил.
За да ја стартувате апликацијата Aurora:
1 - Притиснете Брзо мени / MENU за да го отворите
Брзо мени, изберете Aurora и притиснете OK за да
отворите.
2 - Или, пак, притиснете HOME за да одите на
почетниот екран. Изберете ја апликацијата Aurora од
редот Вашите апликации и притиснете OK за да отворите.
Категории
Има четири категории на теми: Амбиент, Сцени, Галерија
и Часовници. Може да преземете повеќе теми кога
вашиот телевизор е поврзан на интернет. Користете ги
копчињата за навигација за хоризонтално / вертикално
движење во менито. Притиснете OK на тема за да ја
започнете репродукцијата. Притиснете OK на
Репродуцирај сè за да ги репродуцирате сите ставки во
оваа листа на категории, почнувајќи со првата ставка.
Притиснете Назад за да излезете од апликацијата
Aurora.
Поставете го телевизорот во режим на подготвеност
Можете да поставите времетраење на репродукцијата на
темата Aurora, а телевизорот ќе премине во режим на
подготвеност кога ќе се достигне временското
ограничување.
За да го поставите телевизорот во режим на подготвеност:
1 - Кога ќе се активира апликацијата Aurora,
притиснете OPTIONS.
2 - Изберете 1 час, 2 часа или 4 часа за да го поставите
телевизорот во режим на подготвеност.
3 - Две минути пред истекот на тајмерот, телевизорот ќе
прикаже дијалог со опции за веднаш да премине во
режим на подготвеност или да го одложи за 1 или 2 часа
подоцна. Тајмерот поставен на одбројување или
одложување не може да ги надмине максимално
дозволените 4 часа.
53