User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Почетен екран
- 2 Поставување
- 3 Далечински управувач
- 4 Вклучување и исклучување
- 5 Инсталирање на канал
- 6 Канали
- 7 ТВ водич
- 8 Поврзување на уреди
- 8.1 Информации за поврзувањата
- 8.2 Систем за домашно кино - HTS
- 8.3 Дигитален аудио излез - Оптички
- 8.4 CAM со smart картичка - CI+
- 8.5 Smartphone уреди и таблет уреди
- 8.6 Blu-ray диск плеер
- 8.7 Слушалки
- 8.8 Конзола за игри
- 8.9 USB тастатура
- 8.10 USB-мемориски уред
- 8.11 Фотоапарат
- 8.12 Видео камера
- 8.13 Компјутер
- 9 Поврзете го вашиот телевизор
- 10 Интернет
- 11 Извори
- 12 Брзо мени и чести поставки
- 13 Екран и звук
- 14 Апликации
- 15 Систем
- 16 Далечински управувач и додатоци
- 17 Видео записи, фотографии и музика
- 18 Smartphone уреди и таблет уреди
- 19 Игри
- 20 Netflix
- 21 Alexa
- 22 Спецификации
- 23 Помош и поддршка
- 24 Безбедност и грижа
- 25 Услови на користење
- 26 Авторски права
- 27 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
19
Игри
19.1
Што ви е потребно
На овој телевизор, можете да играте игри:
• од Google Play Store од почетното мени
• од поврзана конзола за игри
Игрите од Google Play Store мора да се преземат и
инсталираат на телевизорот за да можете да ги играте. За
некои игри е потребен гејмпад.
За да инсталирате игри од Google Play Store, телевизорот
мора да биде поврзан на интернет и треба да се согласите
со Условите на користење за да ги користите апликациите.
За да ги користите апликациите од Google Play и Google
Play Store, мора да се најавите со сметка на Google.
19.2
Гејмпади
За да играте игри од интернет на овој телевизор, можете
да поврзете одредени безжични гејмпади. Телевизорот
може да поддржи 2 поврзани Гејмпади истовремено. Кога
ќе го поврзете гејмпадот, можете веднаш да го користите.
19.3
Играње игри од конзола за игри
или компјутер
За да стартувате игра од конзолата за игри или од
компјутер за прв пат:
1 - Поврзете конзола за игри или компјутер со телевизорот
преку HDMI-кабел со извонредно голема брзина пред да
го вклучите напојувањето на конзолата или компјутерот.
2 - Притиснете SOURCES и изберете конзола за игри или
името на приклучокот.
3 - Поставете ја опцијата HDMI Ultra HD на Оптимално за
стандардни видеоигри, на Оптимално (автоматски игри)
за HDMI со променлива стапка на освежување (само на
одредени модели).
4 - Вклучете ја конзолата за игри или компјутерот.
5 - Започнете ја играта.
За повеќе информации околу поврзувањето на конзола за
игри, во Помош, притиснете го копчето во боја Клучни
зборови и побарајте Конзола за игри, поврзување.
19.4
Лента за контрола при
играњето
Лентата за контрола при играњето е интегриран центар за
прикажување информации и контрола на поставките
додека играте игра. Таа се применува за HDMI-извор сè
додека Стилот на слика е поставен на Игра/HDR-
игра/Dolby Vision Game/Монитор/HDR-монитор.
Кога телевизорот автоматски се префрла во режим за игри
(преку функцијата за откривање игри), телевизорот ќе
прикаже порака за да го информира корисникот дека
режимот за игри е овозможен, а лентата за контрола при
играњето може да се овозможи со долго притиснување на
копчето MENU.
Активирање и деактивирање
Долго притиснете на копчето MENU за да ја отворите
лентата за контрола при играњето додека сте во режимот
Игра или Монитор. За да ја деактивирате лентата за
контрола при играњето, можете да притиснете
на Назад или таа автоматски ќе се затвори по 20
секунди без никаква интеракција.
Лентата за контрола при играњето содржи лента за
информации или лента за поставки и копче за
префрлување помеѓу лентата за информации и лентата за
поставки.
Лента за информации
На лентата за информации ќе се прикажуваат важните
информации за играта:
Доцнење на влезниот сигнал: тековен статус на
доцнењето на влезниот сигнал
Стапка на слики: тековни FPS (слики во секунда)
Резолуција: резолуција на изворот за видео
Вид на содржина: видеосодржината е Општо или
Филмови или, пак, VRR/Freesync/G-Sync
Формат SDR/HDR: поддржан вид на извор HDR или SDR
Простор на бои: поддржан вид на простор на бои
Лента за поставки
Лентата за поставки содржи поврзани поставки што може
да го подобрат вашето доживување на игрите. Изберете и
притиснете OK на иконите за поставките за да ги
промените следните поставки:
Покажувач: изберете Вклучено/Исклучено за да се
прикаже или скрие индикаторот за нишанење.
Контрола на сенки: изберете Исклучено за да го користите
тековното ниво на црната боја во поставките за слика;
изберете Вклучено за да ја промените поставката во
повисоко ниво на црната боја.
Бели точки: изберете ја температурата на боја што ја
сакате.
69