User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Почетен екран
- 2 Поставување
- 3 Далечински управувач
- 4 Вклучување и исклучување
- 5 Инсталирање на канал
- 6 Канали
- 7 ТВ водич
- 8 Поврзување на уреди
- 8.1 Информации за поврзувањата
- 8.2 Систем за домашно кино - HTS
- 8.3 Дигитален аудио излез - Оптички
- 8.4 CAM со smart картичка - CI+
- 8.5 Smartphone уреди и таблет уреди
- 8.6 Blu-ray диск плеер
- 8.7 Слушалки
- 8.8 Конзола за игри
- 8.9 USB тастатура
- 8.10 USB-мемориски уред
- 8.11 Фотоапарат
- 8.12 Видео камера
- 8.13 Компјутер
- 9 Поврзете го вашиот телевизор
- 10 Интернет
- 11 Извори
- 12 Брзо мени и чести поставки
- 13 Екран и звук
- 14 Апликации
- 15 Систем
- 16 Далечински управувач и додатоци
- 17 Видео записи, фотографии и музика
- 18 Smartphone уреди и таблет уреди
- 19 Игри
- 20 Netflix
- 21 Alexa
- 22 Спецификации
- 23 Помош и поддршка
- 24 Безбедност и грижа
- 25 Услови на користење
- 26 Авторски права
- 27 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
DVB поставки
DVB-T или DVB-C прием
За време на инсталирањето на канали, пред да започнете
со пребарување на канали, сте избрале Антена (DVB-T) или
Кабел (DVB-C). Антена DVB-T пребарува копнени аналогни
канали и дигитални DVB-T/T2 канали. Кабел DVB-C
пребарува аналогни и дигитални канали овозможени од
кабелски DVB-C оператор.
Инсталирање на DVB-C канали
Заради полесна употреба, сите поставки за DVB-C се
поставени на автоматски.
Ако вашиот DVB-C оператор ви дал специфични DVB-C
вредности, ID на мрежата или фреквенцијата на мрежата,
внесете ги овие вредности кога телевизорот ќе ги побара
од вас за време на инсталацијата.
Конфликти со бројките на каналите
Во некои земји, различни ТВ канали (станици за
емитување) може да имаат ист број на канал. При
инсталирањето, телевизорот прикажува листа со
конфликти со бројките на каналите. Потребно е да
изберете кој ТВ канал сакате да го инсталирате на број на
канал со повеќе ТВ канали.
Режим на фреквенција на мрежа
Ако имате намера да го користите брзиот метод Брзо
скенирање во Скенирање на фреквенција за да
пребарувате канали, изберете Автоматски. Телевизорот ќе
користи 1 од однапред дефинираните фреквенции на
мрежа (или HC - самонасочувачки канал) кои ги користат
повеќето кабелски оператори во вашата земја.
Ако сте добиле специфична вредност на фреквенција на
мрежа за пребарување на канали, изберете Рачно.
Фреквенција на мрежа
Кога Режим на стапка на симболи е поставен на Рачно,
можете да ја внесете вредноста на фреквенцијата на
мрежа која сте ја добиле од вашиот кабелски оператор. За
да ја внесете вредноста, користете ги копчињата со бројки.
Скенирање на фреквенција
Изберете го методот на пребарување на канали. Можете
да го изберете побрзиот метод Брзо скенирање и да ги
користите однапред дефинираните поставки кои ги
користат повеќето кабелски оператори во вашата земја.
Ако ова доведе да нема инсталирани канали или пак ако
недостасуваат одредени канали, можете да го изберете
подолгиот метод Целосно скенирање . На овој метод ќе
му биде потребно повеќе време за да пребара и да
инсталира канали.
Чекор на големина за фреквенција
Телевизорот пребарува канали во чекори од 8 MHz.
Ако ова доведе да нема инсталирани канали или, пак, ако
недостасуваат одредени канали, можете да пребарувате
со помали чекори од 1 MHz. Ако користите чекори од по
1MHz, потребно е повеќе време за пребарување и
инсталирање на канали.
Дигитални канали
Ако знаете дека вашиот кабелски оператор не нуди
дигитални канали, можете да го прескокнете
пребарувањето на дигитални канали.
Аналогни канали
Ако знаете дека вашиот кабелски оператор не нуди
аналогни канали, можете да го прескокнете
пребарувањето на аналогни канали.
Бесплатни / Кодирани
Ако имате претплата и CAM - Conditional Access Module
(Модул за условен пристап) за ТВ услуги со плаќање,
изберете Бесплатни + Кодирани. Ако не сте се
претплатиле да плаќате ТВ канали или услуги, можете да
изберете Само бесплатни канали.
За повеќе информации, во Помош, притиснете го копчето
во боја Клучни зборови и побарајте CAM, модул за
условен пристап.
Квалитет на прием
Можете да го проверите квалитетот и јачината на сигналот
на дигитален канал. Ако имате своја антена, можете да ја
поместите антената за да се обидете да го подобрите
приемот.
За да го проверите квалитетот на приемот на дигитален
канал:
1 - Вклучете се на каналот.
2 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали > Антенско/Кабелско инсталирање или Антенско
инсталирање и притиснете OK. Доколку е потребно,
внесете го PIN кодот.
3 - Изберете Дигитално: Тест на прием и притиснете OK.
4 - Изберете Пребарај и притиснете OK. Ќе се прикаже
дигиталната фреквенција за каналот.
5 - Изберете Пребарај одново и притиснете OK за да го
проверите квалитетот на сигналот на оваа
фреквенција. Резултатот од тестот ќе се прикаже на
17