User Guide
Table Of Contents
- Содржина
- 1 Почетен екран
- 2 Поставување
- 3 Далечински управувач
- 4 Вклучување и исклучување
- 5 Инсталирање на канал
- 6 Канали
- 7 ТВ водич
- 8 Поврзување на уреди
- 8.1 Информации за поврзувањата
- 8.2 Систем за домашно кино - HTS
- 8.3 Дигитален аудио излез - Оптички
- 8.4 CAM со smart картичка - CI+
- 8.5 Smartphone уреди и таблет уреди
- 8.6 Blu-ray диск плеер
- 8.7 Слушалки
- 8.8 Конзола за игри
- 8.9 USB тастатура
- 8.10 USB-мемориски уред
- 8.11 Фотоапарат
- 8.12 Видео камера
- 8.13 Компјутер
- 9 Поврзете го вашиот телевизор
- 10 Интернет
- 11 Извори
- 12 Брзо мени и чести поставки
- 13 Екран и звук
- 14 Апликации
- 15 Систем
- 16 Далечински управувач и додатоци
- 17 Видео записи, фотографии и музика
- 18 Smartphone уреди и таблет уреди
- 19 Игри
- 20 Netflix
- 21 Alexa
- 22 Спецификации
- 23 Помош и поддршка
- 24 Безбедност и грижа
- 25 Услови на користење
- 26 Авторски права
- 27 Оградување од одговорност во врска со услугите и/или софтверот понуден од трети страни
- Индекс-каталог
6
Канали
6.1
Инсталирање на канали
За повеќе информации, во Помош, притиснете го копчето
во боја Клучни зборови и побарајте Канал,
инсталирање на антенски канали или Канал,
инсталирање.
6.2
Листа на канали
Информации за листите на канали
По инсталирањето на канал, сите канали ќе се појават на
листата со сите канали. Каналите на листата со сите канали
се наведени врз основа на жанрот*. На пример: Премиум,
Премиум вести, Премиум локално, Деца, Спорт итн.
Жанрот „Премиум“ опфаќа врвни емитувани канали со
удел на пазарот од над 3 %. Доколку се достапни таквите
информации, каналите се прикажани со нивните имиња и
лого ознаки.
Откако ќе изберете листа на канали, притиснете ги
стрелките (нагоре) или (надолу) за да изберете канал,
а потоа притиснете OK за да го гледате избраниот канал.
Се вклучувате на каналите од таа листа само кога ги
користите копчињата
или
.
* Забелешка: функцијата за прикажување според жанр
важи само за Германија.
Икони на каналите
Откако ќе се изврши автоматско ажурирање на каналите
на листата, новопронајдените канали се означени
со (ѕвезда).
Доколку заклучите одреден канал, тој ќе биде означен
со (катанец).
Радио станици
Ако се достапни дигитални емитувања, за време на
инсталацијата ќе се инсталираат дигитални радио станици.
Менувајте радио канали исто како што менувате ТВ
канали.
Овој телевизор може да го прима дигиталниот
телевизиски стандард DVB. Телевизорот може да не
функционира исправно со одредени оператори на
дигитална телевизија и доколку нема целосна
усогласеност со барањата на стандардот.
Отворање на листата на канали
Веднаш до листата со сите канали, можете да изберете
филтрирана листа или да изберете една од листите со
омилени канали кои сте ги создале.
За да ја отворите листата на тековни канали:
1 - Притиснете за да се префрлите на телевизија.
2 - Притиснете OK за да ја отворите листата на тековни
канали.
3 - Или, пак, долго притиснете ТВ-годич за да ја
отворите листата на канали.
4 - Притиснете Назад за да ја затворите листата на
канали.
За да изберете една од листите на канали:
1 - Кога е отворена листа на канали на екранот,
притиснете OPTIONS.
2 - Изберете Изберете листа на канали и притиснете OK.
3 - Од менито на листата, изберете една од достапните
листи на канали и притиснете OK.
Алтернативно, можете да го изберете името на листата во
горниот дел од листата на канали и да притиснете OK за да
го отворите менито на листата.
Пребарување на канал
Можете да пребарувате канал од долга листа на канали.
Телевизорот може да пребарува канал во рамките на една
од главните листи на канали - листите на антенски,
сателитски или кабелски канали.
За да пребарате канал:
1 - Притиснете .
2 - Притиснете OK за да ја отворите листата на тековни
канали.
3 - Притиснете OPTIONS.
4 - Изберете Изберете листа на канали и притиснете OK.
5 - Изберете Филтрирај антенски канали или Филтрирај
кабелски канали и притиснете OK.
6 - Изберете Пребарување на канал и притиснете OK за да
отворите поле со текст. Можете да ја искористите
тастатурата на далечинскиот управувач (доколку е
достапна) или тастатурата на екранот за да внесете текст.
7 - Внесете име или дел од име и изберете Примени и
притиснете OK. Телевизорот ќе изврши пребарување на
соодветните имиња на канали во листата која сте ја
избрале.
Резултатите од пребарувањето се прикажуваат како листа
на канали - името на листата е најгоре. Пребарувањето ќе
го врати соодветното име на каналот со резултатот
подреден по азбучен ред. Резултатите од пребарувањето
исчезнуваат откако ќе изберете друга листа на канали или
пак ја затворите листата со резултатите од пребарувањето.
20