User manual

Table Of Contents
гласовното пребарување, потребно е да го впарите
(поврзете) телевизорот со далечинскиот управувач.
Кога ќе ја започнете почетната инсталација на телевизорот,
на телевизорот ќе се прикаже порака да ги притиснете
копчињата Почеток + Назад за да го впарите далечинскиот
управувач. Ви препорачуваме да го завршите впарувањето
при првата инсталација на телевизорот.
Забелешка:
1 - Откако далечинскиот управувач успешно ќе влезе во
режимот на впарување, синиот LED-индикациски прстен
околу микрофонот на предната страна на далечинскиот
управувач ќе затрепка.
2 - Далечинскиот управувач мора да го држите во близина
на телевизорот (не подалеку од 1m) во текот на
впарувањето за да биде успешен процесот.
3 - Доколку телевизорот не го покаже полето за гласовна
контрола кога ќе притиснете , впарувањето било
неуспешно.
4 - Пред да влезете во режимот на впарување, се
препорачува да почекате сѐ додека телевизорот целосно
не се подигне и не се активираат сите процеси во заднина,
бидејќи известувањето кое ги содржи дополнителните
инструкции може да се појави доцна и со тоа негативно да
влијае на постапката за впарување.
Впарување или повторно впарување
Доколку впарувањето со далечинскиот управувач се
загуби, можете повторно да го впарите телевизорот со
далечинскиот управувач.
Можете да ги притиснете копчињата Почеток + Назад или
долго да го притиснете копчето PAIR (SOURCES)
(приближно 3 секунди) за да извршите впарување.
Или, пак, одете во Поставки > Далечински управувач и
додатоци > Поставки за далечински управувач > Впари
далечински управувач, а потоа, следете ги инструкциите
на екранот.
Кога впарувањето ќе биде успешно, ќе се прикаже порака.
Софтвер за далечинскиот управувач
Поставки > Далечински управувач и
додатоци > Поставки за далечински управувач
> Информации за далечинскиот управувач
Откако ќе се впари далечинскиот управувач, можете да ја
проверите тековната верзија на софтверот за далечинскиот
управувач.
Поставки > Далечински управувач и додатоци >
Поставки за далечински управувач > Ажурирање на
софтверот за далечинскиот управувач
Проверете дали има достапни ажурирања за софтверот за
далечинскиот управувач.
4.3
Гласовно пребарување
Можете да пребарувате видео записи, музика или која
било друга содржина на интернет со користење на вашиот
глас. Можете да говорите на микрофонот на далечинскиот
управувач.
Потребно е да го впарите далечинскиот управувач со
телевизорот пред да го користите гласовното
пребарување.
За да користите гласовно пребарување:
1 - Притиснете го и задржете го копчето
на
далечинскиот управувач, синото светло на далечинскиот
управувач ќе засвети, ќе се отвори полето за пребарување
и ќе се активира микрофонот.
2 - Јасно изговорете го она што го барате. Откако ќе го
извршите гласовното внесување, пуштете го копчето
за
да започнете со пребарувањето. За да се појават
резултатите ќе биде потребно некое време.
3 - На листата со резултатите од пребарувањето, можете
да го изберете саканиот елемент.
4.4
Инфрацрвен сензор
Телевизорот може да прима наредби од далечински
управувач кој користи IR (инфрацрвен сигнал) за
испраќање наредби. Ако користите таков далечински
управувач, секогаш насочувајте го далечинскиот управувач
кон инфрацрвениот сензор на предната страна на
телевизорот.
Предупредување
Немојте да ставате никакви предмети пред
инфрацрвениот сензор на телевизорот, бидејќи тие можат
да го блокираат инфрацрвениот сигнал.
4.5
Батерии и чистење
Менување на батериите
Погледнете го Водичот за брз почеток во пакувањето на
производот за да најдете подетални информации во врска
со батериите за далечинскиот управувач.
Доколку телевизорот не реагира на притиснување на
копче на далечинскиот управувач, можно е батериите да
се празни.
За да ги замените батериите, отворете ја преградата за
батерии од задната страна на далечинскиот управувач.
1 - Поместете го капакот од преградата за батерии во
насоката која е покажана со стрелката.
2 - Заменете ги старите батериите со нови. Проверете дали
12