User manual

Table Of Contents
5
Вклучување и
исклучување
5.1
Вклучување или режим на
подготвеност
Проверете дали телевизорот е поврзан во напојувањето со
наизменична струја. Поврзете го испорачаниот кабел за
напојување во приклучокот AC на задната страна на
телевизорот. Индикациската светилка во долниот дел на
телевизорот ќе засвети.
Вклучување
Притиснете го копчето на далечинскиот управувач за да
го вклучите телевизорот. Исто така, можете да го
притиснете малото џојстик копче на долниот дел од
телевизорот за да го вклучите телевизорот, во случај да не
можете да го најдете далечинскиот управувач или доколку
неговите батерии се празни.
Рестартирај
Долго притиснете на далечинскиот управувач во траење
од три секунди за да го рестартирате телевизорот.
Префрлување во режим на подготвеност
За да го префрлите телевизорот на режим на
подготвеност, притиснете на далечинскиот управувач.
Исто така, можете да го притиснете малото џојстик копче
на задниот дел на телевизорот.
Додека се наоѓа во режим на подготвеност, телевизорот е
сѐ уште поврзан во струја, но троши многу малку енергија.
За да го исклучите телевизорот целосно, откачете го
приклучокот за напојување.
При откачување на приклучокот за напојување, секогаш
влечете го приклучокот за напојување, не кабелот.
Проверете дали имате целосен пристап до приклучокот за
напојување, кабелот за напојување и штекер во секое
време.
5.2
Копчиња на телевизорот
Ако го имате загубено далечинскиот управувач или
неговите батерии се испразнети, вие сѐ уште можете да
вршите одредени основни ТВ операции.
За да го отворите основното мени:
1 - При вклучен телевизор, притиснете го џојстик копчето
на задната страна на телевизорот за да го отворите
основното мени.
2 - Притиснете лево или десно за да изберете Јачина
на звук, Канал или Извори. Изберете Демо, за
да започнете демо филм.
3 - Притиснете нагоре или надолу за да ја прилагодите
јачината на звукот или да го вклучите следниот или
претходниот канал. Притиснете нагоре или надолу за да ја
прегледате листата на извори, вклучувајќи го изборот на
приемник. Притиснете го џојстик копчето за да го
започнете демо филмот.
4 - Менито ќе исчезне автоматски.
За да го префрлите телевизорот во режим на
подготвеност, изберете и притиснете го џојстик копчето.
14