User manual

Table Of Contents
Канали > Инсталирање на сателити и притиснете OK.
2 - Изберете Рачна инсталација и притиснете
(надесно)
за да го отворите менито.
3 - Ако имате инсталирано повеќе од 1 сателит,
изберете LNB за кој сакате да додадете канали.
4 - Поставете ја потребната Поларизација. Ако го
поставите Режимот на стапка на симболи на Рачно,
можете да ја внесете стапката на симболи во Стапка на
симболи рачно.
5 - Притиснете ги копчињата со стрелки / за навигација за
да ја прилагодите фреквенцијата и изберете Готово.
6 - Изберете Пребарај и притиснете OK. Јачината на
сигналот се прикажува на екранот.
7 - Доколку сакате да ги зачувате каналите на нов
транспондер, изберете Зачувај и притиснете OK.
8 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Самонасочувачки транспондер и LNB
Во некои земји, можете да ги прилагодите експертските
поставки за самонасочувачкиот транспондер и секој LNB
уред. Овие поставки користете ги или менувајте ги само
кога нормалното инсталирање ќе биде неуспешно.
Доколку имате нестандардна сателитска опрема, можете
да ги користите овие поставки пред стандардните
поставки. Одредени оператори може да ви дадат
транспондер или вредности на LNB што можете да ги
внесете овде.
LNB напојување
Како зададено поставување, LNB напојувањето е
поставено на Автоматски.
22 kHz тон
Како зададено поставување, тонот е поставен на
Автоматски.
Ниска LO фреквенција / Висока LO фреквенција
Фреквенциите на локалниот осцилатор се поставени на
стандардни вредности. Прилагодете ги вредностите само
во случај на посебна опрема на која ѝ требаат различни
вредности.
Проблеми
Телевизорот не може да ги пронајде сателитите кои ги
сакам или телевизорот ги инсталира истите сателити
двапати
• Проверете дали е поставен точниот број на сателити во
Поставки на почетокот на инсталацијата. Можете да го
поставите телевизорот да пребарува еден, два или 3/4
сателити.
LNB уредот со две глави не може да пронајде втор
сателит
• Ако телевизорот пронајде еден сателит, но не може да
пронајде втор, завртете ја чинијата за неколку степени.
Порамнете ја чинијата за да добиете најјак сигнал на
првиот сателит. Проверете го индикаторот за јачина на
сигналот на првиот сателит на екранот. Откако ќе го
поставите првиот сателит на најјакиот сигнал, изберете
Пребарај одново за да го пронајдете вториот сателит.
• Проверете дали поставките се поставени на Два
сателита.
Промената на поставките на инсталацијата не го решија
мојот проблем
• Сите поставки, сателити и канали се зачувуваат само на
крајот на инсталацијата откако ќе завршите.
Сите сателитски канали ги нема
• Ако користите Unicable систем, проверете дали сте
доделиле две уникатни бројки на кориснички појас за
двата вградени приемници во Unicable поставките. Можно
е друг сателитски приемник во вашиот Unicable систем да
го користи истиот број на кориснички појас.
Изгледа дека некои сателитски канали исчезнале од
листата на канали
• Ако некои канали изгледа дека ги нема или ги
промениле местата, можно е станицата за емитување да ја
променила локацијата на транспондерот за овие канали.
За да ги вратите позициите на каналите во листата на
канали, можете да се обидете со ажурирање на пакетот на
канали.
Не можам да отстранам сателит
• Пакетите со претплата не дозволуваат да се отстрани
сателит. За да го отстраните сателитот, морате повторно да
ја извршите инсталацијата и да изберете друг пакет.
Понекогаш приемот е слаб
• Проверете дали сателитската чинија е цврсто монтирана.
Силните ветрови може да ја поместат чинијата.
• Снегот и дождот може да го ослабат приемот.
6.2
Инсталирање на антена
Ажурирање на канали
Автоматско ажурирање на каналите
Ако примате дигитални канали, можете да го поставите
телевизорот автоматски да ги ажурира овие канали.
Еднаш дневно, во 7 часот наутро, телевизорот ги ажурира
каналите и зачувува нови канали. Новите канали се
зачувуваат во Листата на канали и се означени со .
Каналите без сигнал се отстрануваат. Телевизорот мора да
биде во режим на подготвеност за да ги ажурира каналите
автоматски. Можете да го исклучите Автоматското
ажурирање на каналите.
17