User manual

Table Of Contents
екранот. Можете да ја промените позицијата на антената
или да ги проверите приклучоците за евентуално
подобрување на приемот.
6 - Исто така, можете и сами да ја промените
фреквенцијата. Изберете го бројот на фреквенција еден по
еден и користете ги копчињата со стрелки / за
навигација за да ја промените вредноста.
Изберете Пребарај и притиснете OK за да повторно го
тестирате приемот.
7 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Рачна инсталација
Аналогните ТВ канали може рачно да се инсталираат,
канал по канал.
За да инсталирате аналогни канали рачно:
1 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали > Антенско/Кабелско инсталирање или Антенско
инсталирање и притиснете OK. Доколку е потребно,
внесете го PIN кодот.
2 - Изберете Аналогно: Рачна инсталација и
притиснете OK.
Систем
За да го поставите ТВ системот, изберете Систем.
Изберете ја земјата или делот од светот каде што се
наоѓате моментално и притиснете OK.
Пребарување на канал
За да пронајдете канал, притиснете Пребарување на
канал и притиснете OK. Можете сами да внесете
фреквенција за да најдете канал. Притиснете (надесно)
за да изберете Пребарај и притиснете OK за автоматско
пребарување на каналот. Пронајдениот канал ќе се
прикаже на екранот и доколку приемот е слаб,
притиснете Пребарај одново. Доколку сакате да го
зачувате каналот, изберете Извршено и притиснете OK.
Зачувување
Можете да го зачувате каналот на моменталниот број на
канал или на нов број на канал.
Изберете Зачувај тековен канал или Зачувај како нов
канал и притиснете OK. Бројот на новиот канал ќе се
прикаже накратко.
Можете повторно да ги извршите овие чекори сѐ додека
не ги пронајдете сите достапни аналогни ТВ канали.
6.3
Копирање на листа на канали
Вовед
Копирањето на листа на канали е наменето за продавачите
и напредните корисници.
Со копирањето на листа на канали, можете да ги копирате
каналите инсталирани на еден телевизор на друг Philips TV
од ист тип. Со копирањето на листа на канали, го
избегнувате долгото пребарување на канали со вчитување
на однапред одредена листа на канали на телевизорот.
Користете USB флеш уред од минимум 1 GB.
Услови
• Двата телевизора да се од истата година.
• Двата телевизора да имаат ист тип на хардвер.
Проверете го типот на хардверот на плочката со ознака на
задната страна на телевизорот.
• Двата телевизора да имаат компатибилни верзии на
софтверот.
• За Холандија или кој било од следните кабелски
оператори (Швајцарија: Sunrise / Австрија: Magenta /
Полска: UPC / Романија: Vodafone / Унгарија: Vodafone /
Ирска: VirginMedia), копирањето на листата на канали е
ограничена на копирањето на листата на сателитски
канали. Земските и кабелските канали нема да бидат
копирани или избришани.
Тековна верзија на каналот
За да ја проверите тековната верзија на листата со канали:
1 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали, изберете Копирање листа на канали,
изберете Тековна верзија и притиснете OK.
2 - Притиснете OK за да го затворите менито.
Тековна верзија на софтверот
Можете да одете во Поставки > Систем > Повеќе
информации > Верзија на SW за да го видите бројот на
верзијата на тековниот телевизиски софтвер.
Копирање на листа на канали
За да копирате листа на канали:
1 - Вклучете го телевизорот. Телевизорот треба да има
инсталирани канали.
2 - Приклучете USB флеш уред.
3 - Изберете Поставки > Канали и влезни извори >
Канали > Копирање листа на канали и притиснете OK.
4 - Изберете Копирај на USB уред и притиснете OK. Можно
е од вас да биде побарано да го внесете PIN кодот за
Заклучување за деца за да ја ископирате листата на
канали.
5 - Кога копирањето ќе заврши, извадете го USB флеш
уредот.
6 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
Сега можете да ја вчитате ископираната листа на канали на
друг Philips TV.
20