User manual

Table Of Contents
1 - Изберете  Поставки > Систем > Заклучување за
деца > Родителска категоризација и притиснете OK.
2 - Внесете код за Заклучување за деца со 4 цифри. Ако сѐ
уште немате поставено код, изберете Постави
код во Заклучување за деца. Внесете код за Заклучување
за деца со 4 цифри и потврдете. Сега можете да поставите
категоризација за возраст.
3 - Назад во Родителска категоризација, кликнете на
возраста и притиснете OK.
4 - Доколку е потребно, притиснете (налево) повеќепати
за да го затворите менито.
За да го исклучите поставувањето за родителска контрола,
изберете Нема. Сепак, во некои земји мора да поставите
категоризација за возраст.
За одредени станици за емитување/оператори,
телевизорот ги заклучува програмите само со повисока
категоризација. Категоризацијата за родителска контрола
е поставена за сите канали.
Опции за канал
Отворање на опциите
Додека гледате канал, можете да поставите одредени
опции.
Во зависност од типот на каналот кој го гледате (аналоген
или дигитален) или во зависност од ТВ поставките кои сте
ги извршиле, достапни се одредени опции. На пример,
опцијата Исклучување на екран е достапна само за
радиоканали. Ви препорачуваме да го исклучите екранот
на телевизорот за да заштедите енергија и да го заштитите
екранот.
За да го отворите менито со опции:
1 - Додека гледате канал, притиснете OPTIONS.
2 - Повторно притиснете на OPTIONS за да го затворите
менито.
Превод
Вклучување
Дигиталните емитувања може да имаат превод за својата
програма.
За приказ на титловите:
Притиснете OPTIONS и изберете Титлови.
Опцијата Превод можете да ја поставите
на Вклучено или Исклучено. Алтернативно, можете да
изберете Автоматски.
Автоматски
Доколку информациите за јазикот се дел од дигиталното
емитување, а емитуваната програма не е на вашиот јазик
(поставениот јазик на телевизорот), телевизорот може
автоматски да прикаже превод на еден од вашите
претпочитани јазици на превод. Еден од овие јазици на
превод мора истовремено да биде дел од емитувањето.
Можете да ги изберете вашите претпочитани јазици на
превод во Јазик на превод.
Превод од Текст
Ако се вклучите на аналоген канал, потребно е рачно да го
овозможите преводот за секој канал.
1 - Префрлете се на канал и притиснете TEXT за да
отворите текст.
2 - Внесете го бројот на страницата за титлови.
3 - Повторно притиснете TEXT за да го затворите текстот.
Ако изберете Вклучено во менито за титлови кога гледате
аналоген канал, ќе се прикажат титлови доколку се
достапни.
За да знаете дали еден канал е аналоген или дигитален,
префрлете се на каналот и
отворете Информации во OPTIONS.
Јазик на титлот
Претпочитани јазици на превод
Дигиталните емитувања може да понудат неколку јазици
за превод на програма. Можете да поставите претпочитан
основен и секундарен јазик на превод. Ако е достапен
превод на еден од овие јазици, телевизорот ќе го прикаже
преводот кој сте го избрале.
За да поставите примарен и секундарен јазик на титл:
1 - Одете во Поставки > Канали и влезни
извори > Канали.
2 - Изберете Примарни титлови или Секундарни титлови.
3 - Изберете го саканиот јазик и притиснете OK.
4 - Притиснете (налево) за да се вратите еден чекор
назад или, пак, притиснете Назад за да го затворите
менито.
Изберете јазик на превод
Ако не е достапен ниеден од претпочитаните јазици на
превод, можете да изберете друг јазик на превод доколку
е достапен. Доколку не е достапен ниеден јазик на превод,
не можете да ја изберете оваа опција.
За да изберете јазик на титл кога не е достапен ниту еден
од вашите претпочитани јазици:
1 - Притиснете OPTIONS.
2 - Изберете Јазик на превод и изберете еден од јазиците
кој го сакате привремено.
24