User manual

Table Of Contents
Откако ќе изберете листа на омилени, притиснете ги
стрелките (нагоре) или (надолу) за да изберете канал,
а потоа притиснете OK за да го гледате избраниот канал.
Се вклучувате на каналите од таа листа само кога ги
користите копчињата   или  .
Создавање на листа на омилени
За да создадете листа на омилени канали:
1 - Притиснете за да се префрлите на телевизија.
2 - Притиснете OK за да ја отворите листата на тековни
канали.
3 - Притиснете OPTIONS.
4 - Изберете Креирај листа на омилени и притиснете OK.
5 - Лево на листата, изберете го омилениот канал и
притиснете OK. Каналите се редат на листата десно по
редоследот по кој ги додавате. За да го поништите
изборот, изберете го каналот на листата лево и повторно
притиснете OK.
6 - Доколку е потребно, можете да продолжите со
избирање и додавање на канали како омилени.
7 - За да завршите со додавањето канали,
притиснете Назад.
Телевизорот ќе побара од вас да ја преименувате листата
на омилени. Можете да ја користите тастатурата на
екранот.
1 - Со помош на тастатурата на екранот избришете го
тековното име и внесете ново.
2 - Откако ќе завршите, изберете Затвори и притиснете OK.
Телевизорот ќе се префрли на новосоздадената листа на
омилени.
Можете да додавате повеќе канали наеднаш или пак да
започнете листа на омилени со дуплирање на листата со
сите канали и отстранување на каналите кои не ги сакате.
Каналите од листата на омилени ќе бидат со променет
редослед.
Уреди омилени
За да додадете повеќе канали наеднаш во Листата на
омилени можете да ја користите функцијата Уреди
омилени.
За да додадете повеќе канали:
1 - Отворете ја листата на омилени каде што сакате да
додадете повеќе канали.
2 - Притиснете OPTIONS, изберете Уреди омилени и
притиснете OK.
3 - На листата лево изберете го првиот канал од групата
која сакате да ја додадете и притиснете OK.
4 - Притиснете (надолу) за да го изберете последниот
канал од групата која сакате да ја додадете. Каналите се
означени на десната страна.
5 - Притиснете OK за да ја додадете оваа група канали и за
да потврдите.
Исто така, можете да започнете со создавање Листа на
омилени од функцијата Уреди омилени.
Преименување на листа на омилени
За да преименувате листа на омилени:
1 - Отворете ја листата на омилени која сакате да ја
преименувате.
2 - Притиснете OPTIONS, изберете Преименувај листа на
омилени и притиснете OK.
3 - Со помош на тастатурата на екранот избришете го
тековното име и внесете ново.
4 - Откако ќе завршите, изберете Затвори и притиснете OK.
5 - Притиснете Назад за да ја затворите листата на
канали.
Отстранување на листа на омилени
За да отстраните листа на омилени:
1 - Отворете ја листата на омилени која сакате да ја
отстраните.
2 - Притиснете OPTIONS, изберете Отстрани листа на
омилени и притиснете OK.
3 - Потврдете за да ја отстраните листата.
4 - Притиснете Назад за да ја затворите листата на
канали.
Промена на редоследот на каналите
Само во листата на омилени можете да ја промените
секвенцата на канали (да го промените редоследот).
За да ја промените секвенцата на канали:
1 - Отворете ја листата на канали на која сакате да ѝ го
промените редоследот.
2 - Притиснете OPTIONS, изберете Промена на
редоследот на каналите и притиснете OK.
3 - Од листата на омилени, изберете го каналот на кој
сакате да му го промените редоследот и притиснете OK.
4 - Со копчињата (нагоре) и (надолу) поместете го
каналот на саканото место.
5 - Притиснете OK за да ја потврдите новата локација.
6 - Можете да го менувате редоследот на каналите на
истиот начин сѐ додека не ја затворите Листата на
омилени со копчето Назад.
27